Регион
Бугарија ја истакна кандидатурата на Кристалина Георгиева за Генерален секретар на ОН
Бугарската влада одлучи да ја номинира еврокомесарката Кристалина Георгиева за кандидат за должноста Генерален секретар на Обединетите, нации соопшти во средата министерот за надворешни работи Даниел Митов на почетокот од седницата на министерскиот кабинет.
„Треба да му се заблагодариме на нашиот кандидат (Ирина Бокова), но неопходно е да се пристапи одговорно и да се донесе одлука за поддршка на Кристалина Георгиева“, изјави Митов пред да биде донесена конечната одлука за поддршката на новата кандидатка/
Истакнувајќи дека „бугарската влада мора да ми даде шанса на кандидатот кој ќе има поголема поддршка од источноевропската група“. „Принципот на ротирање е исклучително важен, и ние ќе бараме поддршка за нашата кандидатура“, додаде Митов.
„Вложивме извонредни напори, не само ние, туку и администрацијата на претседателот (на државата), министерството за надворешни работи, и самата Ирина Бокова, но и самите го гледате резултатот“, рече премиерот Нојко Борисов алудирајќи дека на прелиминарните избори во ОН, Бокова го зазема само шестото место.
Пред две седмици бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека ќе се размислува што ќе биде по прашањето доколку Ирена Бокова не биде прва или втора во следниот круг од гласањето за генерален секретар на ОН на 26-ти септември. Меѓутоа, не прецизираше дали тоа значи дека ќе се разгледува друг кандидат, но истакна дека на ниедна земја нема да ѝ дозволи да се меша во одлуката на Бугарија.
Функционери и дипломати во Софија, Брисел и други престолнини изјавија дека се водат интензивни разговори за влегување на еврокомесарката Кристалнина Георгиева во трката за челник на светската организација, како и дека конечната одлука следните неколку денови.
Јужнокореецот Бан Ки-мун кон крајот на годинава заминува од челната позиција на ОН, а фаворите за негов наследни засега е поранешниот португалски премиер Антонио Гутиереш, кој работеше и како комесар на ОН за бегалци. Следното гласање во Советот за безбедност на ОН ќе се одржи на почетокот на октомври, а се очекува дека до крајот на годинава ќе стане јасно кој ќе биде генерален секретар на светската организација следните пет години.
Бугарската кандидатка Ирена Бокова генерална секретарка УНЕСКО, според анкетите е трета, а функционерите имаат различни мислења за тоа дали треба да се откаже од својата кандидатура, доколку за таа должност се номинира и бугарската функционерка во Европската комисија. За Кристалина Георгиева веќе се дискутираше како за потенцијална кандидатка
Дипломатски извори пренесуваат дека Георгиева би можела да ја има поддршката од Литванија, Хрватска и Унгарија.. Но за да успее, секој кандидат мора да го поддржат сите држави постојани членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија.
Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев подоцна изјави дека ги споделува аргументите на владата, велејќи дека таа има компетентност и одговорност за издигање на националната кандидатура за челната должност на светската организација. Додаде дека владата направила анализа и процени на шансите на можните бугарски кандидати.
„Не е ново во меѓународната практика да предложиш нов кандидат. Она што би било лошо и што би ѝ наштетило на нашата земја е доколку покажеме немоќ да се обединиме околу одлуките кои се важни за Бугарија и за Европа“, порача Плевнелиев апелирајќи сите бугарски политичари „одговорно да пристапат и личната пристрасност да станат дел од напорите државата да има успех во оваа трка“.
Самата Кристалина Георгиева изјави дека траба да биде избрана за Генерален секретар на ОН, затоа што го „гледа целиот свет во неговата комплексност и има способност да гледа како нештата се поврзани“. За Politco таа изјави нејзината цел е да се посвети на растечкото незадоволство во светот за она што претстои во иднина.
„Луѓето насекаде се гневни, дури и младите, образованите, богатите и луѓето во градовите“, коментираше Георгиева, додека изданието оценува дека таа е најдобрата можност земјите од Источна Европа да имаат свој претставника на челото на ОН.
Од Европската комисија веќе соопштија дека Кристалина Георгиева земала неплатено отсуство од должноста заменик претседател на ЕК. Нејзината должност привремено ќе ја извршува еврокомесарот за енергетика Гинтер Итингер./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.