Регион
Бугарија распоредува војска на границата со Турција
Бугарија во четвртокот почна да распоредува војска на границата со Турција, поради „сложената состојба“ и приливот на мигранти, соопштија од бугарското министерство за внатрешни работи.
Бугарија во четвртокот почна да распоредува војска на границата со Турција, поради „сложената состојба“ и приливот на мигранти, соопштија од бугарското министерство за внатрешни работи.
Распоредувањето на војската, односно околу илјада војници, се одвивало „чекор по чекор“, долж целата границата со Турција, пренесува Reuters.
„Во последните неколку дена дојде до промена на состојбата и тешко е да се предвиди од каде ќе дојде бранот на бегалци, поради тоа сме подготвени“, изјави бугарскиот министер за одбрана Николај Ненчев за бугарските медиуми.
Во четвртокот утрината на границата биле пратени 50 бугарски војници, а уште 160 би можеле да бидат распоредени до крајот на денот, додал Ненчев.
Бугарската министерка за внатрешни работи, пак, Румјана Бачварова, потврдила дека оваа практика ќе продолжи. Граничната полиција од почетокот на годината забележала околу 7.400 мигранти, главно од Турција, а уште илјадници се обидуваат да поминат низ земјата илегално.
Бугарија презема дополнителни мерки на заштита на границата, по информациите дека стотици, најмногу сириски мигранти, ноќта ја поминале на отворено во близина на границата меѓу Турција и Грција, која е доста блиску бугарско-турската граница. Границата меѓу Бугарија и Турција е долга 259 километри, а 30 километри од неа се заштитени со бодликава жица и оваа ограда ќе продолжи и натаму да се гради.
Последните неколку дена околу илјада бегалци пристигнале во околината на Едрине, на северзападот на Турција, близу границата со Грција и Бугарија, а преку Грција, Македонија и Србија тие настојуваат да го продолжат патот кон западна Европа.
Во последните 24 часа околу 600 бегалци се обиделе да влезат од Турција во Бугарија, но се откажале од тоа кога увиделе дека границата е добро чувана, изјавил главниот секретар на бугарското министерство за внатрешни работи, Георги Костов./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите
И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето
Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље, кај Бор, продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да потврди со кого биле во контакт во периодот кога девојчето исчезнало.
Продолжувањето на потрагата ќе се изврши оперативно, откако е утврдено дека девојчето не е на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.
Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.
Исчезнувањето на двегодишното девојче за првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.,
Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто зелена боја.
Регион
„Се плашам дека е киднапирана“, рече дедото на исчезнатото девојче Данка
Дедото на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), кое пред повеќе од 27 часа беше изгубено во приградската населба Бањско поле во околината на Бор, за телевизија Блиц изјави дека „низ главата му поминува можноста детето да е киднапирано“.
„Се уште се надевам дека е жива, но неверојатно е никој да не може да ја најде меѓу толку луѓе. Само една опција ми паѓа на ум, дека е киднапирана. Но, не можам да тврдам. Жандармерија, дронови, хеликоптери, цела Србија беше тука и сите ја бараа. Луѓето беа на еден метар еден од друг и никој не може да ја најде“, изјави Милан Илиќ.
Тој рече и дека го плаши фактот што бугарската граница е блиску.
„До бугарската граница преку новиот пат се стигнува за 45 минути, најмногу еден час. Не е точно дека се потребни пет часа, како што кажа некој утринава на телевизија. Кладово е веќе многу подалеку, оддалечено е 150 километри, но Бугарија е многу блиску“, рече тој.
Регион
Полицијата го прекина пребарувањето на теренот: „Јасно е дека Данка не е на ова подрачје“
Припадниците на српската полиција по 27 часа детално пребарување на теренот во потрага по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско Поље и Брестовачка бања, ги прекинаа понатамошните претреси, со оглед дека сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри, пренесува српски Телеграф.
Полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето, за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопшти полицијата.
Според неофицијални информации на порталот Нова.рс, српската полиција има индиции кои ја одвеле истрагата надвор од местото на исчезнувањето на девојчето, а кон тие траги се упатени полициските единици.