Регион
Бугарската влада преживеа гласање за доверба
Бугарската влада, предводена од премиерот Бојко Борисов лесно го преживеа првото гласање за доверба во бугарскиот Парламент во петокот, на кое повика опозицијата поради начинот на кој владата го решавање прашањето на здравствената заштита, пренесуваа бугарските медиуми.
Коалициската влада на Борисов, која е на власт од ноември 2014-та година, нема уверливо но ужива поддршка две помали партии, па така и беше изгласана доверба со 130 гласа за, наспороти 80 против и пет воздржани.
Опозициската Социјалистичка партија и партијата на етничките Турци, ДПС ја обвинија владата дека е неуспешна во спроведувањето на значајните реформи со кои би требало да се опорави осиромашениот здравствен систем и дека чекорите кои ги прави владата водат кон затворање на болниците./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Наскоро ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ чијашто партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска објави дека наскоро ќе се знае со кого ќе формираат Влада.
„Одлично е чувството, 3-та победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високата излезност не и’ одговара на ХДЗ, “, изјави Пленковиќ.
„Многу наскоро ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Се оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, додека „Риека Правде“ на СДП добива 42 мандати.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.