Регион
Бугарскиот парламент одобри формирање команден центар на НАТО
Бугарското Народно Собрание во петокот донесе одлука за воспоставување команден центар на НАТО во земјата, во рамките на формирањето на силите за брзо дејствување на Северноатлантската воена алијанса во источна Европа.
НАТО на почетокот од февруари донесе одлука да го засили присуството во источните европски земји, поранешни членки на комунистички Варшавски пакт, односно на границите со Русија, така што до крајот на 2016 година ќе основа сили со по 5.000 припадници кои ќе може брзо да бидат мобилизирани, и шест командни центри во источна Европа, како одговор на наводната „агресија“ на Русија во Украина.
Воспоставувањето на ваквите командни центри во Бугарија досега не беше возможно поради законот кој на бугарските војници им забрануваше на територијата на Бугарија да работат за меѓународни организации. Таа пречка беше отстранета во петокот кога парламентот донесе дополнување на законот за одбрана.
Командниот центар на НАТО во Бугарија ќе биде сместено во главниот град во Софија, каде што ќе бидат ангажирани 40 воени лица, од кои половината ќе бидат Бугари.
„Тој во прво време ќе ги координира силите на различни земји учеснички во воени вежби во Бугарија. Покрај тоа, ќе има задача за одвраќање во врска со новите сили на НАТО за брзо дејствување“, изјави претходново вторникот во Софија, Адријан Бредшоу, заменик командант на Северноатлантскиот пакт во Европа.
За да не ја провоцираат Русија, копнените единици од силите за брзо дејствување ќе останат стационирани на Запад, но набрзо би требало да учествуваат во маневри ширум источните земји на руските граници кои веќе се започнати, или таму ќе почнат да се распоредуваат доколку НАТО донесе одлука таму да спроведе операција.
И комуникацискиот центар на НАТО во Горна Малина, 20 километри источно од Софија, ќе започне да функционира до крајот на 2015 година, изјави во петокот бугарскиот министер за одбрана Николај Ненчев, Тој ќе опфаќа единица за врски со 50 војници.
Покрај овие командни центри, центарот за размена на информации меѓу бродовите на НАТО треба да биде изграден во текот на годинава во Варна, најголемото бугарско пристаниште на Црното Море.
Бугарија влезе во НАТО во 2004 година. Другите пет нови командни центри треба да бидат воспоставени во балтичките земји, во Полска и во Романија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ го откажал полномошното на адвокатот
Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.
Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.
Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност на Радослав Д.
Биолошкиот брат на осомничениот Дејан Д., Далибор Д., почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде беше осомничен дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на двегодишното девојче.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.