Регион
Бугарските полицајци протестираат против кастрењата
Стотици бугарски полицајци, пожарникари и затворски чувари спонтано протестираа во вторникот против намалувањето на пензиите и другите права блокирајќи ги главните улици по преговорите со министрите кои не донесоа резултати, пренесуваат медиумите.
Министерството за внатрешни работи смета дека кастрењата во буџетот за 2016 година се неопходни и дека мора на годишно ниво да се заштедат 14 милиони евра. Бугарија е најсиромашната членка на Европската унија, но има најголем број полицајци по глава на жител во Унијата.Главните улици во Софија, автопатот кој од престолнината води кон Црното Море и трите клучни планински превои се блокирани, објави државното радио. Во текот на попладневните и приквечерните часови протестите се проширија низ целата земја, а непотврдени информации говорат дека протестираат и граничните полицајци на границата со Турција.Полицискиот синдикат закажа протести во недела кои ќе се одржат пред парламентот во центарот на Софија.Сé уште присутната фрустрација кај граѓаните, особено поради раширената корупција и организираниот криминал во 2013 година кулминираа со протести кои траеја со месеци и во кои имаше десетина случаи на самозапалување, а земјата имаше пет влади во последните две години.„Ова е многу опасен бран од граѓанска непослушност. Ова е спонтан потег со непредвидливи последици“, смета Тихомир Безлов, политички аналитичар во Центарот за демократски студии.На службениците, како што се полицајците кои примаат плати од министерството за внатрешни работи, не им е дозволено да штрајкуваат, да имаат друг ангажман или да бидат членови на некоја политичка партија, а за возврат изземени се од социјалните давачки.Со плановите за буџетот за 2016 година се предвидуваат намалувања на надоместокот за заминување во пензија на 10 месечни нето плати од сегашните 20. Мерките, исто така, предвидуваат намалување на годишниот одмора на 20 од 30 дена./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.