Регион
Бушати: Албанија сака да ја затвори приказната со дронот и натпреварот
Албанија се надева дека следната седмица на средбата со Србија ќе биде повлечена линија под кавгата околу своите фудбалски репрезентации, и со тоа ќе се придонесе за враќањето на кревките балкански односи на вистинскиот пат, изјави во понеделникот шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати.
Во разговорот за агенцијата за Reuters, албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати вели дека неговата земја е подготвена да влезе во Европската унија по десет години, но изрази истовремено и загриженост поради противењето на проширувањето кое доаѓа од некои челници на ЕУ.Бушати, исто така, рече дека Албанија е подготвена да ѝ помогне на коалицијата којашто под водство на САД војува против Исламската држава, но притоа не дава поединости како неговата земја би се вклучила во оваа борба против џихадистите кои предизвикуваат сѐ поголема загриженоста во светот, имајќи ги предвид информациите во медиумите дека регрутирање на Албанци од татковината и од регионот да се борат во редовите на радикалните исламистички групи во Сирија и во Ирак се врши и во Албанија.Во врска со фудбалскиот натпревар кој селекциите на Србија и Албанија ја играа на 14-ти октомври во Белград а беше прекинат откако стадионот на Партизан го надлета летало со далечинско наведување коешто носеше знаме со картата на Голема Албанија, по што изби инцидент, а Тирана и Белград разменуваа тешки обвинувања и во некои српски градови беа нападнати дуќани во сопственост на Албаници, Reuters заклучува дека тој инцидент покажува дека националната нетрпеливост во регионот сѐ уште тлее.„Случувањата пред, за време и по тој натпревар беа многу непријатни и ги осудивме провокациите и насилството“, вели Бушати кој престојува во Лондон.„Но верувам дека е важно да се гледа во иднината и да се отвори нови поглавје на односите меѓу Албанија и Србија, а мислам дека тоа е клучно и за демократската стабилност на регионот и неговото напредување кон Европската унија“, додава шефот на албанската дипломатија.По одложувањето предизвикано од прекинатиот фудбалски меч, албанскиот премиер Еди Рама на 10-ти ноември ќе биде гостин на српскиот колега Александар Вучиќ, а тоа ќе биде прва посета на висока албански политички претставник на Белград по 68 години./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.