Контакт

Регион

Ципрас бара доверба од парламентот пред средбата на еврогрупата

Објавено пред

Новата грчка левичарска влада, којашто вети дека ќе ги укине непопуларните штедења кои се услов за меѓународните кредитори, ќе побара подоцна во вторник, две седмици по изборната победа, парламентот да и’ изгласа доверба. 

dobivaj vesti na viber

Гласањето за довербата на владата предводена од коалицијата на радикалната левица Сириза, која има 162 пратеници во 300-члениот парламент со својот помал коалициски партнер малата десничарска партија Независни Грци, ќе се одржи околу полноќ и не се очекуваат никакви изненадувања.

Гласањето за довербата за владата ќе се одржи пред важниот вонреден состанок на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната, кој ќе биде посветен исклучиво на грчките финансиски проблеми.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас најави дека има намера да се откаже од непопуларните мерки за штедење кои се услов за меѓународната финансиска помош, на што се противат европските партнери предводени од Германија.

Високи изводи од грчкото министерство за финансии изјавија дека владата на Ципрас има намера на состанокот на еврогрупата да предложи преодна програма со којашто би ги покрила своите финансиски потреби додека со доверителите не договори замена на сегашната програма за помош условена со штедењето, а тој нов договор би требало да стапи на сила на 1-ви септември наместо на предвидениот датум 1-ви јуни.

Владиниот предлог се состои од четири делови, според грчкото министерство за финансии. Првиот предвидува задржување на 70 отсто од условите од меѓународната програма за финансиската помош, додека 30 отсто од мерките би биле укинати и заменети со 10 нови реформи коишто грчките доверители (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд), ќе ги договорат со Организацијата за економска соработка и развој (OECD).

Вториот се однесува на примарниот суфицит кој во 2015 година би требало да изнесува 3 отсто од бруто домашниот производ (НДП), а владата на Ципрас сака да го намали на 1,5 отсто. ММФ, пак, бара суфицитот да изнесува дури 4 отсто од БДП-то, за Грција да може да си ги отплатува долговите.

Третиот предлог се однесува на замената на јавниот долг со обврзници поврзани за растот, додека отписот на дел од долгот веќе не се споменува, иако премиерот Ципрас и неговиот министер за финансии Јанис Варуфакис често го споменуваа во текот на нивната минатонеделна турнеја по Европа кога бараа поддршка за својот план. Грција во моментов е должна 317 милијарди евра, односно 175 отсто до БДП-то. Меѓународната програма за помош изнесува 240 милијарди евра, а и’ беа отпишани и 110 милијарди евра долгови кон приватните кредитори.

Владата во Атина, исто така, сака да ја ублажи и социјалната криза во земјата со мерките како што се зголемување на минималната плата и укинувањето на зголемувањето на данокот. Покрај тоа, ветува и остро справување со корупцијата и даночната евазија.

Ципрас вети и дека од Германија ќе побара отштета за Втората светска војна, како и враќање на заемот кој морала на нацистичките влади да им го даде грчката централна банка. Станува збор за сума којашто би одговарала, според Атина, на половината од грчкиот долг.

Германија во понеделникот објави дека нема никакви шанси на Грција да и’ ја плати отштетата за Втората светска војна, што го побара грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Германија од крајот на војната во 1946 година, според договорот и’ ги исплатила репарациите на Грција, и активно го поддржала обновувањето на земјата, појасни во неколку наврати изминатите години Берлин. Германија и’ платила на Грција во 1960 година, 115 милиони тогашни германски марки (67 милиони долари) за штетата предизвикана од окупацијата во периодот од 1941 до 1944 година, кога стотици илјади луѓе во Грција починале од глад или биле убиени. Грчките влади, пак, смета дека овие исплати се несоодветни.

Германскиот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел во понеделникот потсети на „Спогодбата за конечно решение со обѕир на Германија“, попознат како „Спогодбата два плус четири“, којашто во септември 1990 година, непосредно пред обединувањето на Германија, го потпишаа тогашните Западна и Источна Германија и четирите земји сојузнички од Втората светска војна. Со тој документ, што го потпишала и Грција, повлечена е линија под можните идни барања кон Германија за воена отштета, потсети Габриел.

Кога станува збор за финансирањето, извори од грчкото министерство за финансии за домашните медиуми изјавија дека Грција сака поврат 1,9 милијарди евра заработка од Европската централна банка (ECB) и другите централни банки од еврозоната на грчките обврзници, како и правото да издаде уште околу 8 милијарди евра краткорочни долгови или трезорски записи, над веќе искористениот лимит од 15 милијарди евра. Минатата седмица беше споменувани и зголемување на тој лимит за нови 10 милијарди евра.

Атина сака и Европската централна банка да и’ одобри и поголем лимит итни заеми за ликвидноста (ELA). Тие заеми на грчките комерцијални банки од минатата седмица им ги одобрува грчката централна банка, со одобрување на ЕСВ, но тие се поскапи од редовното финансирање. Тие заеми за банките се неопходни, бидејќи ЕСВ повеќе не ги прифаќа грчките државни обврзници како осигурување за финансирањето, бидејќи тие се оценети со ниво „ѓубре“.

Грчката влада предвидува и користење на досега неискористените 11 милијарди евра од фондот за докапитализација на банките за да им помогне на грчките банки да ги покријат загубите од ненаплатливите кредити.

Европската комисија, меѓутоа, не верува премногу во можноста да биде постигнат договор со Грција оваа седмица.

„Не постојат премногу очекувања во врска со можноста да се постигне договор на состанокот на еврогрупата или на самитот на ЕУ. Состанокот на еврогрупата во средата ќе биде можност за првично разменување на мислењата со новата грчка влада“, изјави во вторникот портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева. Додаде дека следниот состанок на еврогрупата е предвиден за една седмица, на 16-ти февруари.

Грција би требала најдоцна до 16-ти февруари да постигне договор со доверителите, бидејќи повеќе земји членки, меѓу кои и влијателната Германија, мораат таков договор да потврдат во своите парламенти. Сегашната програма, инаку, истекува на 28-ми февруари.

Андреева рече и дека досегашните контакти на претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, и грчкиот премиер Алексис Ципрас не дале резултати. „Досегашните разговори не беа многу плодни. Работиме на тоа да ја задржиме Грција во Еврозоната“, додаде.

Доколку пропадне договорот со еврозоната, Грција би можела да се сврти кон Америка, Русија или Кина, се закани во вторникот грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, инаку челник, на помалиот коалициски партнер во владата националистичката Независни Грци. Тој рече дека Атина мора да има план „Б“, доколку еврозоната ги одбие нејзините предлози.

„Сакаме договор. Доколку нема договор и доколку Германија остане ригидна и сака да ја разнесе Европа,наша обврска е да имаме план Б. А планот В е да се најде друг извор за финансирање. Тоа би можело да бидат САД, во најдобриот случај, би можела да биде Русија, би можела да биде Кина или некој четврти“, изјави Каменос за телевизијата Mega./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Мајката на осомничениот за убиството на Данка: Не го видов телото на мојот син

Објавено пред

Светлана Драгијевиќ, мајката на Далибор Драгијевиќ, кој почина од насилна смрт во полициската станица во Бор, на распитот за убиството на Данка Илиќ (2), за порталот „Нова.рс“ вели дека нејзиниот починат син бил жртва на полициска тортура.

dobivaj vesti na viber

Таа истакнува дека не го видела телото, и дека се уште го чека извештајот од обдукцијата на нејзиниот син.

Драгијевиќ е брат на Дејан, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ. Тој беше приведен на 6 април под сомнение дека му помогнал на својот брат да го сокрие нејзиното тело, а почина ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 7 април.

Мајката на Драгијевиќ за Нова.рс изјави дека никој не дошол кај неа да и каже дека нејзиниот син е претепан, туку дека само полицаецот дошол да ја извести за неговиот погреб.

„Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил, од Бор се. Извештајот од обдукцијата се уште не сум го добила, па се надевам дека ќе открие се“, вели Светлана, која исто така наведува дека не го видела телото на синот.

Неделникот „Радар“ неодамна објави дека обдукцијата покажала дека Драгијевиќ починал со насилна смрт, а доказ за тоа се бројните повреди што ги имал по телото. Но, полицијата во соопштението наведе дека Драгијевиќ починал од природна смрт, односно му се слошило во полициската станица.

Полицијата ги уапси работниците на ПУК „Водовод“ Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ под сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ. Таткото Радослав и братот Далибор на осомничениот Драгијевиќ беа приведени под сомнение дека му помогнале да го сокрие телото на детето.

Телото на Данка се уште не е пронајдено.

Прикажи повеќе...

Регион

Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД

Објавено пред

Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.

dobivaj vesti na viber

Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.

„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.

Прикажи повеќе...

Регион

Девојка што исчезна во март во Србија е пронајдена

Објавено пред

Тијана Симиќ, која била пријавена за исчезната на 13 март оваа година, и последен пат била видена на Карабурма во Белград, е пронајдена повеќе од еден месец од нејзиното исчезнување.

dobivaj vesti na viber

Засега не се познати детали, а среќните вести ги објави нејзината сестра на „Твитер“.

„Тијана ја пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта“, напиша таа.

Семејството на Тијана молеше за помош или било каква информација за неа, и после повеќе од еден месец е пронајдена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија39 минути

Одѕивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а намалку во Врапчиште

Процентот на избирачите што гласале до 13 часот е 26,35 отсто, информира претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски. Според...

Македонија2 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија2 часа

Најдена димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија2 часа

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија4 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија4 часа

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Регион5 часа

Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет5 часа

Кина изрази противење на пакет-помошта од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Македонија6 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион6 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет6 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ6 часа

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија7 часа

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...

Македонија22 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија23 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија1 ден

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија1 ден

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија1 ден

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија1 ден

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...