Регион
Ципрас ги повика Грците на Сириза да ѝ дадат мнозинство во парламентот
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас ги повика грчките гласачи на предвремените избори закажани за 20-ти септември, да ѝ дадат на неговата радикална левичарска партија Сириза „силен мандат“ за водење на нацијата.
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас ги повика грчките гласачи на предвремените избори закажани за 20-ти септември, да ѝ дадат на неговата радикална левичарска партија Сириза „силен мандат“ за водење на нацијата.
„Сакаме силен мандат, апсолутно мнозинство за владата на Сириза во следните четири години“, порача Ципрас, пренесуваат грчките медиуми.
Ципрас, исто така, смета дека дошло време да се напушти моделот на две партии, според кој Грција во последните четири години се наоѓаше наизменично меѓу сега опозициските партии десноцентристичката Нова Демократија и партијата од левиот центар социјалистичката Пасок.
„Клучно е да не се направи чекор назад, туку напред“, додаде Ципрас. Запрашан околу тоа зошто не се извинил пред грчкиот народ за промената на ставот околу мерките за штедење, поранешниот грчки премиер одговори дека тој не може да бара од народот да му прости, пренесува AFP.
„Со сето срце се борев да останам верен кон мандатот кој ми беше даден од страна на грчкиот народ, кој сака да остане во еврозоната“, додаде Ципрас, потенцирајќи дека не верува во договорот што го постигна со кредиторите, но дека сфатил дека тоа е единствениот начин да се задржи земјата во еврозоната.
Според најавите изборната трка во Грција ќе биде неизвесна и ниедна партија нема да освои апсолутно мнозинство во парламентот, покажуваат резултатите од неколку анкети, објавени три недели пред изборите. Судејќи по резултатите од шест анкети кои беа објавени викендов, левичарската Сириза води пред конзервативната Нова демократија со предност од еден до 3,1 отсто. Во сите анкети, маргините на статистичката грешка изнесуваат околи три проценти, пренесува агенција АР.
Анкетите од јули, објавени пред раздорот во Сириза, покажуваат дека партијата имала двоцифрена предност во однос на Нова демократија. Четири од шест анкети покажале дека во новиот состав на парламентот ќе има осум партии, а останатите две анкети покажале дека ќе има девет партии. Досега во грчкиот парламент имаше пратеници од седум партии./крај/мф/бс
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.