Регион
Ципрас им објави војна на „ол инклузив аранжманите
Новиот грчки премиер Алексис Ципрас им објави војна на сите „ол инклузив“ туристички населби и хотели, иако ваквиот вид на туризам на Грците им носи годишно 1,5 милијарди фунти, пишува Daily mail.
Ципрас смета дека ваквиот вид на туризам ги отуѓува туристите од локалната економија особено малите бизниси и вети дека ќе го стави под котрола ваквиод вид масовен туризам што Грција го развиваше во последните децении.
Продажбата на државно земјиште на кое би се граделе мега туристички населби би можело да биде забрането, а ќе се воведат и нови даночни правила според кои данокот би бил повисок за постоечкие туристички понуди.
„Ние не сакаме да продолжиме со актуелниот модел на интензивна експлоатација на туризмот“, вели Ципрас кој сака да ги поттикне туристите на традиционален одмор, во кој повеќе би се користеле локалните кафулиња, ресторани и атракции.
„Ол инклузив не е најдобра работа во туризмот“, сметаат од Сириза, според која туристите често не излегуваа надвор од туристичките населби во кои им е организиран одморот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.