Регион
Црна Гора: Русија сама ја потврди вмешаноста во протестите
Црногорската Влада оценила дека загриженоста на Русија поради наводната прекумерна употреба на сила потврдува дека Русија е вмешана во протестите во Подгорица, пренесуваат црногорските медиуми.
„Изјавата на руското МНР, во која се изразува загриженост поради наводанта преумерна употреба на сила против „мирните демонстранти“ само ја потврдува веродостојноста на изјавата на премиерот Мило Ѓукановиќ за вмешаноста на Русија во протестите против НАТО“, се наведува во соопштението од црногорската Влада.
Според црногорската Влада, доказ за ова е тоа што во руското соопштение воопшто не се говори за „мирните демонстранти“, кои ја гаѓале полицијата со Молотови коктели и се обиделе на сила да го завземат Парламентот и да извршат преврат.
Претходно, од руското Министерство за надворешни работи соопштиле дека Русија е загрижена поради прекумерната употреба на сила, која властите во Црна Гора ја искористиле против мирните демонстранти, истовремено отфрлувајќи ги тврдењата дека Москва е поврзана со протестите во Подгорица.
„Непотврдените изјави на премиерот Мило Ѓукановиќ и обвинувањата дека Русија ги испровоцирала настаните во Подгорица предизвикуваат длабоко чудење“, било наведено од страна на руското МНР, од каде додаваат дека Ѓукановиќ „не претставил ниту еден конкретен факт за руската поврзаност со ескалацијата на општествените тензии, бидејќи тие факти едноставно ги нема“.
Во руското соопштение се наведува дека тешко е да се верува оти еден државник, „кој толку долго се наоѓа на власт, не ја сфаќа позадината на заострувањето на состојбата во земјата“, а понатаму се оценува дека „секако дека Ѓукановиќ сфаќа и најверојатно знае зошто мора да ги повторува апсурдните тврдења дека само влегувањето во НАТО ќе овозможи независност на Црна Гора“.
Руските медиуми го пренеле и интервјуто на Ѓукановиќ за хрватската државна телевизија, во која тој изјавил дека српските националисти и Русија играат активна улога во организацијата на протестите за смена на власта и политичкиот курс на државата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.