Регион
Црна Гора сака статус на земја-гостин во Арапската лига
Црногорската влада планира до септември да побара статус на земја-гостин во Арапската лига, со цел да ги зголеми контактите со земјите од арапскиот свет, пренесува Танјуг.
Заедно со кралското семејство од Абу Даби, Атпас групата досега вложила околу 150 милиони евра во изградбата на Атлас капитал центарот во Подгорица, а планираат и нов проект на приморјето, вреден преку 200 милиони евра.
„Тоа е една локација на морето, каде шеикот Мухамед сака да гради“, изјавил за Al Jazeera директорот на Атлас групата, Душко Кнежевиќ, прецизирајќи дека се работи за комплекс од луксузни хотели на црногорскиот брег.
Директниот контакт и подобрата соработка со државите од арапскиот свет се главните причини поради кои Црна Гора во септември ќе побара статус на земја-гостин во рамките на Арапската лига.
„Низ членството можеме да оствариме непосреден преглед на она што го работи Арапската лига, политиката што ја води, а која може да биде важна и за нашата дипломатија. Исто така, се отвораат учества на нашите високи претставници на состаноците на Арапската лига, каде можат да се остварат многу билатерални контакти“, изјавил претставникот на црногорското Министерство за надворешни работи и европски интеграции, Павле Караникиќ.
Соработката меѓу Црна Гора и арапските земји беше интензивирана во последните неколку години, а според податоците на црногорската Стопанска комора, од 2007 до 2013 година, во Црна Гора влегле околу 80 милиони евра арапски инвестиции. Според економистите, членството на Црна Гора во Арапската лига би и донело на земјата нови инвестициски можности.
Во рамките на Арапската лига соработуваат 22 исламски земји и четири земји-гости – Бразил, Еритреја, Венецуела и Индија, а досега немало земји од Балканот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.