Регион
Црногорскиот премиер Ѓукановиќ му го честиташе на Шешељ ослободувањето
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ му го честиташе во четвртокот ослободувањето на челникот на Српската радикална партија (СРС) Воислав Шешељ, откако претходно Хашкиот трибунал го ослободи од вината за воени злосторства сторени во Хрватска, Војводина и Босна и Херцеговина.
Коментирајќи ја ослободителната пресуда за Воислав Шешељ на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства сторени во поранешна Југославија, црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави вечерта дека не очекувал од судот во Хаг дека би можел да биде изненаден.
„Ја примив одлуката на судот во Хаг на знаење, и му ја честитам слободата на Шешељ“, изјави Ѓукановиќ за новианрите по „Премиерскиот час во Собранието на Црна Гора.
Од Социјалдемократската партија (СДП) изразија шокираност од честитката на премиерот Ѓукановиќ на ослободителната пресуда за Шешељ, наведувајќи дека верувале оти во Црна Гора е осудена и заборавена политиката што ја водел челникот на српските радикали.
„СДП не ,може да верува дека некој во 2016 година може да ѝ честита на политиката на Шешељ, за која верувавме дека барем во Црна гора по 25 години е осудена и заборавена“, ја пренесуваат партиската реакција подгоричките медиуми.
Во оваа партија, исто така, истакнуваат дека не сакаат да веруваат оти таквата порака на Ѓукановиќ истовремено е и порака за надлежните државни тела, кои најавија обновување на истрагите за злосторства над припадниците на малцинските народи во Црна гора поради политиката на којашто Ѓукановиќ сега честита.
„За жал, поради политиката на којашто сега Ѓукановиќ ѝ честите, во Црна Гора се случија логорите Морињ, Буковица, депортацијата во Штрпци и неславниот поход на Дубровник, предупредуваат од СДП.
Во црногорските партии кои се означуваат како просрпски, по ослободителната пресуда за Шешељ, го величаат Хашкиот трибунал. Така, челникот на Демократската народна партија (ДНП), Милан Кнежевиќ, му честиташе на Шешељ, наведувајќи дека „таа претставува најголемиот ден на меѓународната правда, додека во Нова српска демократија (НОВА) оценуваат дека со тоа се „задоволени правото и правдата, кога станува збор за обвинетите од српска националност“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.