Регион
Црногорскиот претседател остро го предупреди санџачкиот муфтија Зукорлиќ
– (Муамер Зукорлиќ)
Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ го предупреди во средата санџачкиот муфтија Муамер Зукорлиќ дека треба да знае кои се границите на неговата надлежност и не треба да преминува на просторот на Црна Гора, како и дека на нејзината територија не смее да дејствува надвор од организацијата на тамошната Исламска заедница.
Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ го предупреди во средата санџачкиот муфтија Муамер Зукорлиќ дека треба да знае кои се границите на неговата надлежност и не треба да преминува на просторот на Црна Гора, како и дека на нејзината територија не смее да дејствува надвор од организацијата на тамошната Исламска заедница.
„Зукорлиќ не може да дејствува паралелно со организацијата на Исламската заедница во Црна Гора, на ниеден начин, па ниту со формирањето на што и да е што ќе биде во функција на пренесување на состојбите или пораките кои се негативни за Бошњаците во Црна Гора“, изјави црногорскиот претседател Филип Вујановиќ.Санџачкиот муфтија (во Србија) Муамер Зукорлиќ имаше намера, без знаење на црногорските државни, верски и локални власти во Рожаје, на тромеѓето меѓу Црна Гора, Србија и Косово, да основа три верски образовни институции.Реисот на Исламската заедница во Црна Гора, Рифат Фејзиќ, оцени дека таквото дејствување на својот колега од Нови Пазар е „фашистичко и насочено на поделбата на муслиманите во Црна Гора“ и ги повика државните органи да дејствуваат во рамките на своите надлежности.Слична оцена даде во средата и министерот во српската влада Расим Љајиќ, и самиот потекнува од Нови Пазар, кој неодамна во Будва изјави дека Зукорлиќ се обидел да ги подели муслиманите и во Србија, но бидејќи тоа не му успеало своите активности ги насочил кон Црна Гора.Вујановиќ го пофали дејствувањето на Исламската заедница во Црна Гора и реисот Рифат Фејзиќ. „Тој навистина во сите свои активности покажа приврзаност кон Црна Гора и подготвеност во рамките на Исламската заедница, да ги афирмира вредностите на Црна Гора во исламот, како и добрата соработка со другите вери и силно го поддржувам сѐ она што го прави“, изјави црногорскиот претседател. Вујановиќ додаде дека е убеден оти Исламската држава на Црна Гора ќе ја сочува својата препознатливост и сила за промоција на вистинскиот ислам, наведувајќи дека тоа е интерес и на Црна Гора./крај/мф/сн
Извор: РТС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.