Регион
Џамија во Приштина – место на дрога и проституција
Една џамија во Приштина изградена пред 640 години станува централно место каде што се собираат корисници на дрога и проституција, пренесуваат косовските медиуми.
Оваа информација во средата ја пренеле имами од Приштина на средбата во Министерството за внатрешни работи на Косово каде главна тема била безбедносната состојба на Косово.
Според весникот „Бота Сот“, преставникот на приштинските имами Идриз Ѓоколи нагласил дека „верниците бараат одговор за состојбата во џамијата за која има информации дека се злоупотребува“, додека пак преставникот на косовското МВР Реџеп Сијарина информирал дека во оваа џамија е забележано присуство на корисници на дрога, како и проституција .
Џамијата моментално не е во употреба бидејќи истата е во процес на санација, било нагласено од страна на полицијата. На средбата околу безбедносната состојба на Косово, министерот за внатрешни работи Скендер Хисени говорел и за опасноста од терористички акции и активностите што ги има превземено полицијата на тој план./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.