Регион
Давутоглу поднесе оставка на партиската и на државната должност
Ахмет Давутоглу поднесе четвртокот поднесе остава на функцијата претседател на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP), што според статутот на партијата подразбира и дека повеќе нема да биде премиер, а неговата одлука стапува на сила веднаш по вонредниот партиски конгрес закажан за 22-ри мај.
Ахмет Давутоглу изјави во вторникот дека попрво „ќе го прегази своето его“, отколку да го загрози интересот на својата владејачка Партија на правото и развојот (AKP), од која доаѓа и Ердоган, кого на чело на партијата и го замени кон крајот на 2014 година, поради ограничувањата во партискиот статус откако вториот победи на претседателските избори.
Но откако во средата вечерта Давутоглу имаше разговори со претседателот и сопартиец Реџеп Таип Ердоган откако неодамна се судрил со претседателот околу планираните промени на уставот на Турција, кои би довеле до зајакнување на позицијата на шефот на државата, во четвртокот соопшти дека нема да бара нов мандат за челник на Партијата на правдата и развојот (AKP), што значи и дека нема намера повеќе нема да биде премиер/
„Ќе одржиме конгрес на партијата на 22-ри мај“, им изјави Давутоглу на новинарите во Анкара, додавајќи дека мисли дека нема да биде кандидат во „сегашните околности“. Според статутот на партијата, партискиот лидер е истовремено и претседател на владата на Турција.
Давутоглу на функциите го наследи Ердоган кон крајот на 2014 година, откако вториот надмоќно победи на првите претседателски избори на кои со непосредно гласање на избирачите се гласаше за шефот на турската држава.
Медиумите истакнуваат дека при давањето на изјавата Давутоглу не изнел ниту една критика на сметка на шефот на државата Ердоган „Никој ниту слушнал, ниту ќе слушне од мене збор против нашиот претседател“, изјави Давутоглу за новинарите.
Бинал Јилдирим, министер за сообраќај, како и Берат Албајрак, зетот на Ердоган кој е министер за енергетика, се кандидати за наследникот на Давутоглу, пишуваше во средата весникот Cumhuriyet.
Турските медиуми коментираат дека Давутоглу ја донел одлуката откако изминатите месеци повеќепати се судирал со Ердоган. Повикувајќи се на неофицијални информации, Ердоган му забележувал на Давутоглу дека е премногу ориентиран кон западот, а неговата лојалност кон шефот на државата била доведена во прашање по неколкуте иницијативи кои ги преземал на своја рака. Капката во чашата, наводно, била неодамнешната покана од американскиот претседател Барак Обама за средба со Давутоглу во Вашингтон.
Давутоглу се противел на практиката на затворањето на академиците и новинарите пред судењето, и се залагал за мировниот процес со Курдите, на кој Ердоган остро му се противел. Турскиот премиер, исто така, беше клучната фигура во договорот ЕУ за запирање на мигрантската криза.
Првиот сигнал дека може да дојде до промена на чело на турската влада се појави на анонимниот блог под наслов „Pelican Brief“, за кој се верува дека е дело на луѓе блиски на претседателот Ердоган. Во блогот Давутоглу беше обвинет за недоволно поддржување на претседателскиот систем, кој Ердоган го поддржуваше уште во текот на неговата предизборна кампања правејќи споредни со САД, Франција или Русија.
Аналитичарите сметаат дека Давутоглу ќе биде заменет со личност којашто е лојална на Ердоган. Директорот на Турската истражувачка програма во Вашингтонскиот институт, Сонер Кагаптај, за британскиот весник The Guardian рече дека заминувањето на Давутоглиу ќе биде следниот чекор во „бушењето“ на турските институции, откако Ердоган веќе ја презема контролата над војската и парламентот.
„Се покажува колку моќ се наоѓа во рацете на еден човек. Ердоган сега има повеќе контрола во своите раце од кој и да е друг владетел во историјата на модерната турска демократија“, вели Кагаптај. Тој верува дека Ердгоан ќа ја искористи можноста за да се дистанцира од своите пропаднати иницијативи, кои ќе му ги припише на Давутоглу.
Едроган, чиешто практицирање на власта сé почесто е обвинувано за авторитарност, се обидува да протурка нов текст на Уставот на Турција, кој би го заменил сегашниот напишан по воениот пуч од 1980 година. Ердоган смета дека тоа би го подобрило функционирањето на државата, но критичарите предупредуваат дека тоа само уште повеќе ќе ја зацврсти неговата и онака веќе голема моќ.
Партијата AKP, којашто убедливо победува на сите избори од 2002 година досега, за да го промени сегашниот Устав треба да обезбеди најмалку 330 гласови во парламентот со 550 пратеници, а партијата има 317 мандати./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.