Регион
Дејвид Швендимен именуван за главен обвинител за воени злосторства на Косово
Американецот Дејвид Швендимен е именуван за главен обвинител на специјалниот суд во Ден Хаг, кој ќе ги истражува воените злосторства направени во војната на Косово од 1998 до 1999 година.
Судот, на кој меѓународни судии ќе судат според косовскиот закон, посебно ќе се занимава со наводни злосторства на герилата на Ослободителната војска на Косово над Србите за време на конфликтот и по него.Швендимен претходно беше главен обвинител на Специјалната истражна работна група на ЕУ на Косово, а кон крајот на 2000-те беше главен обвинител за воени злосторства во БиХ. /крај/хн/ст
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.