Регион
Демонстрантите во Приштина фрлаат со камења и молотови коктели, гори дворот на Владата
Учесниците на протестот во Приштина, по говорот на тројцата лидери од опозицијата почнаа да ја гаѓаат зградата на Владата со камења, солзавец и молотови коктели.
Припадниците на специјалните сили на полицијата на Косово се повлекоа во дворот на Владата и до сега, како што јавува Танјуг, употребиле солзавец.
Дворот на Владата е во пламен, демонстрантите бегаат во околните улици, а сообраќајот е блокиран.
Засега нема информации за тоа дали има повредени.
Полицијата користејќи солзавец успеала да ги растера демонстрантите и да ги оддалечи од зградата на Владата во Приштина којашто ја гаѓаа на крајот од протестот со молотови коктели и со камења.
На централниот градски плоштад има расфрлано камења, пароли коишто ги носеле демонстрантите, како и остатоци од димни бомби коишто ги користела полицијата.
Нешто пред 16 часот се слушнала полициска сирена, а полицијата од споредните улици и понатаму ги растерува демонстрантите.
Активистите на Самоопределување и другите партии прават се за да ја смират ситуацијата и да ги оневозможат нападите на Владата, но не успеваат. Засега, мал број на демонстранти ја напаѓаат зградата на Владата со камења и други средства, додека најголемиот број на учесници во протест не се приклучи кон оваа група.
Ова е најголем протест на опозицијата според бројот на учесници, а според првите проценки се работи за најмалку 15.000 граѓани кои протестираат.
Неколку илјади учесници на денешниот протест на опозицијата, предводени од лидерите на Самоопределување, Алијансата за иднина на Косово и Иницијативите за Косово тргнаа околу 14 часот кон приштинскиот плоштад Скендербег и зградата на Владата на Косово.
Демонстрантите бараат ставање вон сила на договорот за Заедниците на српските општини и за демаркација на границите со Црна Гора, како и оставка на актуелната Влада на Косово. Организаторите на протестот претходно ја обвинија полицијата дека на сите патни правци кон Приштина ги запираат и контролираат автобусите во кои се превезуваат учесниците на протестот, со што како што наведуваат, ја провоцирале ситуацијата пред почетокот./крај/мф/мн
Извор: Tanjug,Blic
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.