Контакт

Регион

Деветто издание на Викенд Медиа Фестивал

Објавено пред

Глобалните брендови во различните култури, дигитализацијата на радијата и револуционерниот потенцијал на blockchain технологијата се само мал дел од интригантните теми кои регионалната комуникациска индустрија ги носи на деветото издание на Викенд Медиа Фестивалот.
 

dobivaj vesti na viber

Глобалните брендови во различните култури, дигитализацијата на радијата и револуционерниот потенцијал на blockchain технологијата се само мал дел од интригантните теми кои регионалната комуникациска индустрија ги носи на деветото издание на Викенд Медиа Фестивалот.

 

Во просторот на старата фабрика за тутун во Ровињ, под покровителство на групацијата Адрис, оваа година, од 22 до 25 септември, овогодинешното издание носи повеќе од 120 говорници и околу 400 медиа, маркетинг и ПР професионалци. Нив ќе им се приклучат и 350 студенти од целиот регион, како и околу 550 акредитирани новинари.

„Си поставивме амбициозна цел, деветиот Викенд Медиа Фестивал да биде толку многу добар и сите да посакаат да присуствуваат на десетото, јубилејно фестивалско издание. Повторно ќе претставиме некои нови теми и повторно први ќе започнеме приказни за сосема нови технологии за кои за неколку години сите ќе зборат. Секако, неизоставен дел од фестивалот, како и до сега, ќе бидат и одличните забави, а сево ова оваа година ќе биде уште подобро.“ ветува Томо Рицов, директор на фестивалот.

Листата на предавачи на фестивалот е предводена од Шон Пекас Костнер (Shawn Pecas Costner), кој 18 години работи во музичката индустрија и е задолжен за промоција на музички ѕвезди како Rihanna, Young Jeezy, Rick Ross, Ludacris, Big Sean и многу други, и е извршен директор во Roc Nation Sports, компанија за спортски менаџмент чиј сопственик е славниот хип-хоп могул – Jay Z. Лазар Џамиќ (Lazar Džamić), директор за стратешко планирање во неколку лондонски креативни агенции и еден од првите дигитални стратези во Велика Британија, ќе го претстави рецептот за речиси совршено огласување преку креирање на успешни пораки во свет на лесно игнорирање на истите.

Гости на Викенд Медиа Фестивал ќе бидат и Џарно Ванхатапио (Jarno Vanhatapio) и Магнус Емилсон (Magnus Emilson), двојката која стои зад NA-KD.com, шведска модна електронска продавница која доставува артикли од водечките светски брендови во повеќе од 100 земји низ светот. Разговорот “Еден на еден“ оваа година е резервиран за Зоран Шпрајц и Претседателот на Управата на хрватскиот Телеком – Давор Томашковиќ.

„Предавачите кои до сега ги имаме во програмата се гаранција дека и оваа година во Ровињ колегите од регионот ќе може да понудат информации за најновите трендови во светот. На панел дискусиите исто така ќе собереме луѓе кои на креативен и иновативен начин ја поврзуваат Хрватска и Регионот со целиот свет, а успеваат да направат и чекор напред со што може да се каже дека одржуваме чекор со светот“, истакнува програмскиот директор Никола Врдољак.

Радиото на големи врати се враќа, па на еден од панелите ќе биде објаснето зошто на медиумите за кои се тврдеше дека немаат иднина им растат огласувачките буџети и кои се иновациите кои овозможуваат повторно воздигнување на радиото. За иновациите ќе се збори и на панелот за blockchain технологијата, на која се темели и најпознатата виртуална валута Биткоин (Bitcoin) и овозможува неограничени можности во банкарството, како и во јавните услуги како склучувањето договор. Учесниците на панелот за глобалните брендови ќе разговараат за тоа како да се создаде глобален бренд и како со него да управувате во различни култури и опкружувања.

„Ровињ е на најдобар пат да стане глобален бренд, а Викенд Медиа Фестивалот е настан кој придонесува кон ова преку собирање на креативните и иновативните луѓе од целиот свет. Токму тоа се вредностите на кои е изградена и Адрис групацијата. Ние и понатаму ќе ги промовираме и поддржуваме овие настани.“, изјави Кристина Милјавац, Адрис Групација.

Во рамки на деветтото издание на Викенд Медиа Фестивалот повторно ќе се одржи регионалната ревија BalCannes и доделувањето на наградите SoMo Borac. BalCannes се одржува пети пат, а оваа година огласувачите имаат уште поважна улога, затоа што ќе бидат одбрани 25 најдобри проекти од шестте земји од регионот на кои ќе им бидат доделени награди, меѓу кои и за најдобра агенција и проект.

Пријавата на трудовите за BalCannes за сите заинтересирани е отворена до 1. септември.Дигиталната награда SoMo Borac има нова категорија, SoMoRitanac, наменета за најдобрата дигитална кампања која придонела за некоја повисока цел. Пријавите на SoMo Borac се бесплатни, а повеќе можете да дознаете на www.somoborac.com.Музичката програма од секогаш била еден од најсилните адути на фестивалот. Така ќе биде и оваа година и како што е веќе познато, фестивалската програма ќе биде отворена со голем концерт на Хладно пиво на 22 септември (четврток).

Пријавите за деветтото издание на Викенд Медиа Фестивалот се во тек, а бројот на места е ограничен./крај/мф/бб

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми

Објавено пред

Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.

dobivaj vesti na viber

Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.

Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.

Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.

Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.

Прикажи повеќе...

Регион

Земјотрес во Србија

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.

dobivaj vesti na viber

Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.

Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година

Објавено пред

Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.

dobivaj vesti na viber

Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.

На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.

На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.

На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.

На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија1 час

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија1 час

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија2 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија6 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија7 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија7 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија10 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија12 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет12 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет13 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија13 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија13 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет13 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет14 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет14 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија23 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија23 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија23 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...