Контакт

Регион

Додик издејствува уште една покана за Вашингтон, од волонтерска организација

Објавено пред

Претседателот на ентитетот Република Српска, Милорад Додик, добил во средата уште една покана да го посети Вашингтон во јануари, што за тамошните српски медиуми е настан поврзан со инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп на 20-ти јануари, но се наведува и дека станува збор за прием на невладина организација.

Јавниот телевизиски сервис во Република Српска објави факсимил од поканата од организацијата со назив „Sister Cities International“, којашто како претседател на управниот одбор на оваа невладина организација ја потпишал извесен Стивен Квигли.

Српскиот челник во БиХ, Милорад Додик, е повикан на прием на споменатата организација на 17-ти јануари, три дена пред претседателската инаугурација на Доналд Трамп, а се наведува дека сакаат тој да им приклучи на „неверојатната вечера во којашто ќе се слави новиот претседател“ на САД.

На Додик му се нуди притоа да се сретне на приемот со други гости и функционери. РТРС објави дека на тој настан ќе присуствува и Меланија Трамп, скорешната прва дама на САД, иако во поканата тоа не е наведено.

Босанските медиуми по трагите на оваа организација наведуваат дека на нејзината интернет страница е наведено дека „Sister Cities International“ е „волонтерска организација на обични граѓани“ кои се занимаваат со воспоставување врски меѓу локалните заедници во САД и во други земји во светот.

Додик претходниве денови самиот се доведе во незгодна ситуација кога тврдеше дека добил покана да учествува на официјалната свеченост по повод инаугурацијата на Трамп, но по медиумските притисоци за појаснување на крајот покажа покана која се однесува на еден од многубројните приеми кои во јануари ќе се одржуваат во Вашингтон.

Поканата на Додик му пристигнала со потпис на поранешен конгресмен, а потоа мораше да изјави дека е поканет „на одредени манифестации во врска со инаугурацијата“ на новиот американски претседател.

Врз основа на оваа покана Додик се обиде прво за себе да издејствува дипломатска виза за патување во САД, но во американската амбасада во Сараево му го одбија барањето со образложение дека на тоа нема право, бидејќи не е државен функционер, на Босна и Херцеговина..

Додик потоа поднесе барање за редовна „Б“ виза, појавувајќи се лично во конзуларниот оддел на американската амбасада во Сараево, како што тоа мора да го стори секој обичен граѓанин кој сака да патува во САД. Сега ја чека одлуката на конзуларниот службени, од кого зависи дали во јануари ќе патува во Вашингтон како што очигледно наумил./крај/мф/сн

Регион

Вучиќ по состанокот со Пахор: Западните сили се брутално лицемерни

Објавено пред

Словенечкиот претседател Борут Пахор во Белград вчера рече дека Европската унија мора да покаже некои нови, свежи процеси во стратегијата за проширување на блокот, додавајќи дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е геополитичка итност што треба да се постигне побрзо.

„Би било одлично ако, повеќе или помалку во исто време, сите земји од Западен Балкан влезат во ЕУ“, изјави Пахор на заедничката прес-конференција по разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ, на кои клучни теми биле подготовките за самитот Брдо -Бриони на 17 мај и ситуацијата во регионот.

Пахор во интервјуто за белградски „Курир“ во пресрет на разговорите со Вучиќ истакнал дека ЕУ треба да го стави проширувањето на Западен Балкан на значително повисока позиција на својата агенда, велејќи дека пристапувањето на регионот ќе обезбеди мир и стабилност.

„Само во тој случај границите веќе нема да имаат такво значење, а национализмот ќе ја изгуби својата привлечност. Ова е важно за зачувување на мирот и безбедноста, како и благосостојбата на луѓето во таа област“, ​​рекол словенечкиот претседател во интервјуто.

Потврдувајќи го учеството на Србија на самитот и високото ниво во билатералните односи со Словенија, Вучиќ рече дека состанокот бил клучна тема на разговорите со Пахор, а за регионалните прашања тој ја потенцира позицијата за Косово, велејќи дека Србија е подготвена за дијалог, но дека за танго се потребни двајца, алудирајќи на фактот дека продолжувањето на дијалогот го попречува Приштина, а не Белград.

Во контекст на темата за промена на границите, Вучиќ ги обвини големите сили за позицијата дека Србија треба да се однесува како да е згазена, изјавувајќи дека истите тие земји измислуваат непостоечки начела со цел на Србија да и се наметне нечија волја.

Тој тврди дека на дело е бруталното лицемерие на некои западни сили кои немаат никакви принципи, туку, како што тврди српскиот председател, ги измислуваат по потреба, како приказната за непроменливост на границите.

Вучиќ праша кога точно западните сили започнале да го применуваат принципот на непроменливост на границите – во 1991 година, кога се распаднала СФРЈ, или во 1998 година, на почетокот на отцепувањето на Косово или пак во 2008 година, кога Косово прогласи независност, без, како што кажа, каква било одлука во ОН.

Пахор рече дека како дел од подготовките за самитот на Брдо кај Крањ, со Вучиќ најмногу зборувале во врска со промената на границите и потсети дека по трагичните конфликти во 90-тите години на минатиот век, формирани се нови граници, со надеж за мир, стабилност и европска и евро-атлантска перспектива за оние кои го сакаат тоа, нагласувајќи дека промената на граници по мирен пат е невозможна.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција ја почнува туристичката сезона, утре се очекуваат 110 меѓународни влезни летови

Објавено пред

Грција од денеска ја почна својата туристичка сезона, а владата и тур-операторите се надеваат дека сонцето, плажите и морето ќе го донесат потребниот раст на приходите по лошата туристичка сезона минатата година.

„Ние ја креваме котвата“, рече министерот за туризам, Хари Теохарис, најавувајќи ја туристичката сезона од античкиот грчки храм Посејдон во близина на Атина, пренесуваат агенциите.

Тој додаде дека странските туристи се желни да се вратат во Грција.

Најавата нетрпеливо се очекуваше од страна на угостителите и сопствениците на кафулиља.

Според владините регулативи објавени во средата, секој што патува на грчките острови по море или воздух мора да покаже потврда за вакцинација или негативен резултат од ПЦР-тест.

Водечкиот европски тур-оператор закажа 120 лета кон Грција до крајот на мај.

В петок се очекуваат 40-ина меѓународни летови за пристигнување на 14 грчки регионални аеродроми, а уште 110 в сабота.

Во тек е иницијатива за вакцинирање на локалното население.

Грчките хотелиери очекуваат зголемување на туристичкиот сектор од крајот на јуни или почетокот на јули.

Пандемијата силно влијаеше врз грчката економија, која во голема мера се потпираше на туристичкиот сектор, што претставува повеќе од 20 проценти од БДП.

Прикажи повеќе...

Регион

Влез во Хрватска без ПЦР-тест само за вакцинирани пред шест месеци

Објавено пред

Денес, Хрватска ги продолжи постојните мерки до крајот на мај, а една мерка беше попуштена – од денес сите оние што се вакцинирани пред шест месеци и со двете дози (со исклучок на вакцините на „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“) може да влезат во Хрватска без ПЦР-тест и без карантин. Досега ова беше случај за луѓето што биле вакцинирани пред пет месеци.

Исто така, поради локалните избори в недела, на сите хрватски граѓани им е дозволено да влезат без ПЦР-тест и без карантин.

Во последните 24 часа евидентирани се 926 нови случаи на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 7.214.

Меѓу нив, 1.752 пациенти се во болница, од кои 207 се на апарати за дишење. Починале 41 лице.

До денес се тестирани вкупно 1.912.994 лица, од кои 6.587 во последните 24 часа.

Од 13 мај дадени се 1.268.281 доза вакцини. Досега 980.177 лица биле вакцинирани со најмалку една доза, од кои 288.104 ги примиле двете дози.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

13 починати и 112 нови случаи на Ковид-19 од 4.196 тестови

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Свет2 часа

(Видео) Израел во Газа уништи зграда во која се канцелариите на „Ал-Џезира“ и светски агенции

Израел во воздушен напад уништи зграда во која се сместени канцелариите на катарската телевизија „Ал-Џезира“, како и на светските новински...

Македонија3 часа

Заев: Законот за дивоградбите ќе се врати во Собрание, мора да ги спасиме домовите на сиромашните

Премиерот Заев вели дека не се откажува од носењето на Законот за легализација на дивоградбите. Откако претседателот Стево Пендаровски не...

Македонија4 часа

Родителите против дигитализација: Преку референдум ќе ги спасиме нашите деца

Oдборот на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска одржа протест пред Министерството за образование, противејќи се на...

Македонија5 часа

Пристигнаа 100.000 кинески вакцини, на кутиите порака: „Пријателот во неволја е поблизок од брат“

Солидарноста и помошта тогаш кога е најпотребна, ја враќаат вербата во човештвото, напиша на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко...

Македонија6 часа

МНР ги советува македонските граѓани да не патуваат во Израел

Министерството за надворешни работи, имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат...

Македонија7 часа

Во болниците низ земјава има 536 ковид-пациенти, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 22 лица

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Свет8 часа

Најмалку 12 загинати во воздушнитe напади на Газа, срушена е и џамија

Палестинските власти потврдија дека најмалку 12 лица загинaле денеска во еден од неколкуте воздушни напади на северот на Појасот Газа,...

Македонија19 часа

Се исфрла мајонезот од исхраната во градинките, по труењето на децата во кумановската градинка

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека ќе направи целосна ревизија на нормативите и стандардите за исхрана и оброци...

Македонија21 час

Починатата 33 – годишна пациентка имала четири операции, а не една како што било заведено во отпусното писмо

Семејството на 33-годишната пациентка, на која ѝ беше изваден миом од матката, го објави отпусното писмо и јавно бара одговорност...

Свет21 час

Русија официјално ги прогласи Чешка и САД за непријателски земји

Руската влада денеска официјално ги означи Чешка и САД како „непријателски земји“. Како што беше објавено на официјалниот портал за...

Свет23 часа

СЗО со порака до богатите земји: Наместо да ги вакцинирате децата, дајте ги вакцините на сиромашните

Светската здравствена организација денеска ги повика богатите земји да ги преиспитаат плановите за вакцинирање на деца против Ковид-19 и наместо...

Македонија1 ден

16 починати и 30 нови случаи на Ковид-19 од 1.658 тестирања

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на...

Македонија1 ден

Грчките гранични служби го отворија преминот Евзони за македонските граѓани

Од 13 часот е почнато да се пропуштаат возила кон Грција на граничниот премин Евзони. По застојот што настана изутринава...

Македонија1 ден

Пендаровски не го потпиша указот за легализација на бесправно изградените објекти

Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише...

Македонија1 ден

Филипче: Помладите ќе почекаат за вакцинација

Пријавените за вакцина преку vakcinacija.mk најдоцна до понеделник ќе добијат термини за вакцинација, рече денес министерот за здравство, Венко Филипче....

Европа1 ден

Германски виролог предупредува на опасност од четврти бран на вирусот

Германскиот виролог Хендрик Штрек очекува дека ситуацијата во врска со коронавирусот сигурно ќе се влоши наесен и дека е можен...

Свет1 ден

Борел: Европската Унија не е способна да го запре Израел

Жосеп Борел, високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, изјави дека Европската Унија не е во состојба да...

Свет1 ден

Во Индија повеќе од 24 милиони заразени од коронавирус, индискиот сој се шири во целиот свет

Бројот на пријавени случаи на Ковид-19 во Индија се искачи на повеќе од 24 милиони лица, а индискиот сој на...

Свет1 ден

Се разгорува воениот конфликт на Блискиот Исток, стотици мртви и ранети

Израелската армија ги засили нападите врз Газа, а од Газа веќе петти ден по ред и натаму се лансираат ракети...

Досие