Регион
Драшковиќ исчезнал од Сплит ден пред екстрадицијата во Белгија
Српскиот бизнисмен, Андрија Драшковиќ, кој по белгиска потерница е уапсен во Сплит и кој од слобода ја чекаше екстрадицијата, исчезнал од апартманот каде што престојувал. Драшковиќ, според хрватските власти, во четврток требало да биде екстрадиран во Белгија.
„Му се јавивме Драшковиќ на телефонскиот број во апартманот но тој не одговори на повикот. Бидејќи е обврзан да се јави на судскиот повик, кауцијата со која излезе на слобода му е укината“, изјавил Дамир Ромас портпаролот на Жупанискиот суд.
Во сплитската полиција не коментираат ништо што е поврзано со „случајот Драшковиќ“, бидејќи, како што велат, надлежноста врз случајот ја има судот.
Контроверзниот српски бизнисмен беше уапсен во Сплит по белгиска потерница на 24.јуни. Драшковиќ е бил уапсен на сплитскиот аеродром, во момент кога со деловни партнери се враќал Хвар.
По апсењето Драшковиќ плати кауција од 100.000 евра, а судот му го одзеде пасошот, по што беше пуштен од противорот.
До моментот кога му се губи секоја трага тој со сопругата и ќерката престојувал до еден од луксузните апартмани на сплитската ривиера.
Белгија го бара Драшковиќ поради убиството на албанскиот емигрант Енвер Хадри, кој бил претседател на Движењето за човекови права. Хадри е убиен во центарот на Брисел во 1990 година.
Драшковиќ кон крајот на 2013 година излезе од затворот во Сремска Митровица каде ја издржувал казната за убиство кое го извршил во 2000 година. Првично тој бил осуден на деветгодишна затворска казна која подоцна му била намалена на две години и три месеци.
Пред осум години Драшковиќ бил уапсен во Франкфурт и префрлен во Италија поради антимафијашката истрага околу шверцот со цигари и наркотици. Набргу поради недостиг на докази тој бил пуштен на слобода. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме
Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем, Белград, Западна Србија, Поморавље и Шумадија, со цел да се предупреди за можна појава на грмежи.
Се очекува слаб до умерен дожд во областа Бачка.
Во Бачка во следните два часа на места ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Инаку, жолтиот метео аларм се „вклучува“ кога времето може да биде потенцијално опасно, поточно кога се предвидуваат опасни временски појави.
„Тие се со таков интензитет што можат да предизвикаат материјална штета и да бидат опасни за луѓето и животните. Треба да бидете многу внимателни, свесни за ризиците и редовно информирани за деталите за очекуваните метеоролошки услови“ велат од надлежните државни служби.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.