Регион
Двајца Словенци бараат азил во Белорусија
– Минск
Двајца словенечки државјани побарале азил во Белорусија којашто на Запад ја нарекуваат „последната диктатура во Европа“, откако со кану се обиделе да минат река којашто ја дели Полска од оваа поранешна советска република, објавија во средата властите во Минск.
Двајца словенечки државјани побарале азил во Белорусија којашто на Запад ја нарекуваат „последната диктатура во Европа“, откако со кану се обиделе да минат река којашто ја дели Полска од оваа поранешна советска република, објавија во средата властите во Минск.
Станува збор за мајка и син кои „сакале тоа да го сторат што поскоро и не сакале да се заморуваат со управните процедури“, се додава во соопштението на пограничната служба на Белорусија чии припадници ги привеле, пренесува AFP.
„Кај себе имаа повеќе од пет илјади евра, компјутер со екран, неколку мобилни телефони и лични работи“, се додава во цитираното соопштени.
Во овој случај кој привлече големо внимание на медиумите, двајцата граѓани на Европската унија до полско-белоруската граница дошле со „ситроен“, а потоа седнале во кану со кое илегално имале намера да ја минат реката којашто ги дели двете земји, по што биле уапсени од граничарите.
Во изјавите рекле дека ја донеле одлуката да бараат азил во Белорусија уште додека биле во Словенија, се додава во соопштението. Поводот за нивното барање за азил не е наведен, а белоруските власти кусо соопштија дека го проучуваат нивното барање и сакаат да го расветлат случајот.
Белорусија е цел на западните критики, во прв ред бидејќи од 1994 година на чело е претседателот Александр Лукашенко. Западот ѝ воведе санкции, поради наводно прогонување на тамошната малубројна и расцепкана опозиција./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.