Контакт

Регион

Еден загинат во експлозија во редакција на турски весник

Објавено пред

Едно лице го загубило животот, а други четири се ранети во експлозија во средата навечер редакцијата на списанието Adımlar во истанбулскиот кварт Кајтхане, јавуваат локалните телевизии.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува телевизијата CNNTurk, привичните сознанија на полицијата се дека експлозијата ја предизвикала импровизирана експлозивна направа којашто во редакцијата можела да ја остави некој од посетителите. Експлозијата се случила кусо откако во неа влегле вработени, околу 20 часот по локално време.

Канцелариите на весникот се наоѓаат на третиот кат од шестокатница и во детонацијата практично била уништена фасадата на целиот кат. Оштетувања претрпеле и соседните објекти на кои се искршени прозорци. На местото на настанот присутни се пожарникари и медицински екипи, а полицијата ја блокирала населбата и собира докази.

Според некои турски интернет портали, весникот и неговите соработници биле порано доведувани во тесна поврзаност со исламистите, вклучително и со некои припадници на џихадистичкото движење Исламска држава. Во последните броеви жестоко била критикувана забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), и оттаму не се исклучува дека можноста одговорноста за експлозијата да паѓа врз курдските милитанти.

Истанбулската полицијата уште официјално не излезе со соопштение за инцидентот, а нејзини претставници рекле дека е отворена истрага./крај/мф/сн

Извор: CNNTurk



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Падна снег во БиХ и во Словенија

Објавено пред

Најавениот студен бран стигна и до Босна и Херцеговина, а од Нови Град пристигнуваат снимени видеа.

dobivaj vesti na viber

Имено снегот веќе пристигна во Нови Град, пренесува „ N1“.

По летните температури од претходните денови, пристигна најавениот студен бран, а снег паѓа во некои делови на Босна и Херцеговина.

Снег падна и во Словенија, како што пренесуваат медиумите.

Снег веќе паѓа и во Штаерска, на надморска височина под 500 метри.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Страшно невреме и во Србија, силен ветар во Војводина

Објавено пред

Ситуацијата во северозападниот дел на Војводина во моментов е критична. Има невреме со прашина, изолирано невреме со врнежи проследени со грмежи и силен ветер, јавува страната hailz_srbija.

dobivaj vesti na viber

Како што е наведено на социјалните мрежи, бурниот изолиран ветер налик на урагани крева прашина и ја намалува видливоста на 0 метри, според извештаите, во делови на Војводина.

Во Белград во моментов дува силен ветер, пренесуваат српските медиуми.

Прикажи повеќе...

Регион

Невремето пристигна и во Босна и Херцеговина, најавен е драстичен пад на температурата

Објавено пред

Силниот ветер пропратен со дожд кој утрово ја зафати Хрватска попладнето пристигна во Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Во Бања Лука има налети на ветер до 40 километри, се очекуваат врнежи кои веќе почнаа во некои делови на Република Српска, а најавен е и пад на температурата кој вечерва нема да надмине осум Целзиусови степени.

Според најавите на Републичкиот хидрометеоролошки завод во Република Српска, во попладневните и вечерните часови се очекува умерен до засилен ветер, а во повисоките региони на Краина на моменти невреме.

Се очекуваат налети на ветер од 40 до 60 километри на час.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија14 часа

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија15 часа

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија15 часа

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет15 часа

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет16 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија16 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион17 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет18 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го карактеризира како терористички чин, напаѓачот уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет18 часа

Иран зад себе има незамислива сила, која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион18 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија1 ден

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија1 ден

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија1 ден

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија1 ден

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија1 ден

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија2 дена

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија2 дена

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized2 дена

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...