Регион
Ekathimerini: Даночните инспектори во Грција протестираат против политиката на штедење на владата

Грчките даночни инспектори во понеделникот протестираат против политиката на штедење пред зградата на грчкото министерство за финансии, пишува во понеделникот весникот Ekathimerini.
На протестот на вработените им се приклучија и членови на синдикатот на државните службеници во Грција (АДЕДИ), кои исто така сакаат да го искажат своето незадоволство од политиките на Владата за зголемување на даночните приходи.
Претседателот на Унијата на даночните инспектори од Атина и Цикладските острови изјави за телевизијата Skai дека владата планира мерки насочени кон истите социјални групи, кои веќе платиле значителни даноци..крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Регион
Јорук: Разговорите за екстрадиција на ѓуленистите од Анкара се многу позитивни

Турскиот амбасадор во Тирана, Мурат Ахмет Јорук, изјави дека разговорите на Албанија и Турција за екстрадиција на ѓуленистите, кои сега се во Албанија, се одвиваат мошне позитивно.
Турскиот амбасадор за албанските медиуми изјави дека по неуспешниот државен удар во Турција, Анкара испратила список во неколку држави, меѓу кои и во Албанија, на приврзаниците на организацијата „Фето“ заради нивна експрадиција во Турција.
Албанија го осуди државниот удар во Турција и сега сме во фаза на разговори таа да ги експерадира лицата што се поврзани со Фетулах Ѓулен. Весникот „Мапо“ наведува дека турскиот амбасадор смета дека разговорите за екстрадицијата се одвиваат позитивно.
Инаку, во интервју за албанската телевизија „Њуз 24“ турскиот дипломат ја изнесе оценката дека организацијата „Фето“ може да создаде хаос во Албанија бидејќи во рака го има образованието во Албанија.
Засега официјална Тирана предводена од страна на премиерот Еди Рама, за кој се тврди дека е одличен пријател на турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган, нема коментари за депортацијата на лицата што се на списокот на Анкара.
К.М.
Регион
Китаровиќ: Aко Шешељ го газел хрватското знаме треба да биде соодветно казнет

Хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, рече дека односите меѓу Хрватска и Србија сега се нарушени по инцидентот што наводно го предизвикал радикалот Воислав Шешељ.
„Србија мора да утврди дали Шешељ навистина го сторил она што тврди дека го сторил. Ако се утврди дека навистина го газел знамето на Република Хрватска, тој треба да биде соодветно казнет. Санкцијата за такво дело во Србија е три месеци затвор или парична казна“, рече Китаровиќ, а пренесоа хрватските медиуми.
Хрватската претседателка изрази надеж дека овој случај нема да предизвика дополнително вербално насилство и дека нема да има други последици.
Таа воедно додаде дека не знае кој му пренел на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека за време на неговиот престој во Хрватска било запалено српското знаме, велејќи дека таквата информација не е точна, а како што рече, тоа може да се потврди и од страна на Амбасадата на Србија во Хрватска.
Инаку, претходно, хрватскиот портал „Индекс“ пренесе дека од српското собрание на нивните новинари им рекле дека не постои снимка од наводниот инцидент на лидерот на радикалите, Воислав Шешељ, за време на вчерашната посетата на хрватската делегација.
Меѓутоа, во хрватската јавност и тамошните медиуми владее доза на скептичност за тоа како може ниту еден од хрватските и српските новинари кои вчера биле во српското собрание за време на посетата на хрватската делегација, да нема видеоснимка од наводното газење на хрватското знаме. Исто така, новинарите на „Индекс“ имале проблем да најдат и сведок кој би можел да потврди што се случувало со хрватското знаме.
Сепак, српската радикална партија тврди дека Шешељ во Собранието на Србија ја пцуел хрватската делегација и газел по државното знаме.
Регион
Харадинај: Ултиматумот на Српската листа за ЗСО е неприфатлив

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, изјави дека ултиматумот на Српската листа за формирање на заедницата на срспките општини е неприфатлив.
Весникот „Зери“ пишува дека Харадинај ја отфрлил можноста да ги прифати барањата на српските пратеници во собранието на Косово за начинот и времето на формирање на заедницата на срспките општини во северниот дел на Косово.
„Асоцијацијата на срспките општини ќе се формира во согласност со одлуката на Уставниот суд на Косово. Ултиматумот на српската листа е неприфатлив, а евентуалното нејзино еднострано формирање е неважечко“, рекол Харадинај.
Приштинскиот весник „Зери“ додава дека со ултиматумот на српската лисата се бараат брзи чекори на владата во Приштина за формирање на заедницата, а во спротивно самите ќе формираат, за што утре ќе одлучуваат во Звечане.
K. M.
- Македонија1 месец
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news1 месец
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура1 месец
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story1 месец
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news2 месеци
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news2 месеци
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија1 месец
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news1 месец
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“