Регион
ЕП ја повика Турција да го признае геноцидот врз Ерменците
Европскиот парламент во средата на сесијата во Брисел со мнозинство гласови донесе резолуција со кој 24-ти април се прогласува за европски Ден на сеќавањето на жртвите на геноцидот на Ерменците во Османлиското царство во 1915 година и ја повика Анкара да го признае геноцидот.
Европскиот парламент ги поздравува претходните изјави на претседателот и премиерот на Турција, кои „изразија сочувство со жртвите на злосторствата против Ерменците во Отоманското царство“.
„Ова претставува чекор во вистинската насока. Сепак, Турција треба да оди уште подалеку и да ја искористи годишнината од трагедијата за да ги продолжи напорите за признавање и помирување со своето минато, вклучително и објавувањето на архивските податоци и официјално признавање на геноцидот, со што ќе ги постави основите за помирување на турскиот и ерменскиот народ“, се истакнува во резолуцијата.
Европскиот парламент, исто така, ги повика парламентите и владите на сите 28 членки на Европската унија да преземат правни дејствија и да донесат соодветни документи, признавајќи го историскиот факт за споменатиот геноцид.
Во масакрите кои во 1915 година ги извршиле османлиските Турци, убиени се 1,5 милиони луѓе, според Ерменија и други западни земји. Турција во поново време прифаќа дека многу Ерменци загинале во судирите кои започнале во 1915 година, но ја отфрла споменатата бројка убиени и дека станува збор за геноцид. Според официјална Анкара, бројот на загинатите е многукратно зголемен, и изнесува 500 илјади лица. И истакнува дека загинатите во прв ред биле жртви на граѓанска војна и немири во текот на распаѓањето на Османлиското царство. Во април 2014 година, тогашниот турски премиер, сега претседател, Реџеп Тајип Ердоган првпат им изрази жалење на внуците на жртвите на масакрите од 1915 година при што ја спомена „заедничката болка“.
Убивањето на Ерменците во 1915 година било „ужасно злосторство“, но не и геноцид, изјави во понеделникот портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун – Стефан Дужарик. Со тоа Бан изрази несогласување со оцената којашто ја изнесе поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск кој во текот на неделната литургија задушница според латинско католичкиот обред заедно со ерменскиот патријарх Нерсес Бедреос XIX Тармуни во спомен на 100-годишнината од масакрот над Ерменците го нарече „првиот геноцид во XX век“. Оваа изјава на папата предизвика вистинска бура на релација Ватикан – Анкара, бидејќи турската страна тврди дека депортациите и убивањата на Ерменците во Отоманското царство во текот Првата светска војна не било геноцид.
Кон крајот на XIX и почетокот од XX век во Отоманската империја се одвивал прогон и истребување на ерменското население, коешто ја достигнало кулминацијата во период меѓу 1915 и 1917 година. Острите реакции на Анкара на процесот не меѓународното признавање на геноцидот во Отоманската империја е една од главните причини за сложените односи меѓу Турција и Ерменија до денес.
Ерменскиот геноцид го признаваат многу земји, а првата беше Уругвај во 1965 година, а последната е Кипар, кој на почетокот од април го криминализираше негирање на геноцидот на османлиска Турција над Ерменците пред стотина години потег што се претпоставува дека ќе ја збесне Анкара додека мировните преговори за овој етнички поделени медитерански остров и натаму се во застој. Исто така, масакрот врз Ерменците во споменатиот период како геноцид го сметаат и Европскиот парламент и Светскиот совет на црквите. Државната Дума на Русија, која е регионален сојузник на Ерменија, во 1995 година донесе декрет „за осуда на геноцидот врз ерменскиот народ од 1915 до 1922 година во неговата историска татковина Западна Ерменија“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.