Контакт

Регион

Ердоган е новиот претседател на Турција

Објавено пред

Досегашниот турски премиер Реџеп Тајип Ердоган си обезбеди во неделата место во современата историја на земјата откако стана првиот претседател кој е избран со непосредно изјаснување на избирачите, по убедливата победа уште во првиот изборен круг, а неговите критичари стравуваат дека изборниот резултат е вовед во создавањето авторитарна држава.

dobivaj vesti na viber

Уште од рано попладнето приврзаниците на Реџеп Тајип Ердоган во главниот град Анкара и во мегалополисот Истанбул на улиците ја прославуваа победата на досегашниот премиер на што укажуваа и сите предизборни испитувања на јавното мнение. Шеесетгодишниот Ердоан, кој е премиер од 2003 година откако неговата исламистичка конзервативна Партија на правдата и развојот (АКР) победи на парламентарните избори во 2002 година, според 99 отсто од преброениот изборен материјал, е надмоќен победник со освоени 51,8 отсто од гласовите, 13 проценти повеќе од заедничкиот кандидат на двете главни опозициски партии кој потекнува од Партијата на национална акција (MHP) од националистичката десница, Екмеледин Ихсаноглу, 70-годишен професор по историја и поранешен претседател на Организацијата на исламската конференција (OCI) кој веќе му ја честиташе победата. Како што соопшти претседателот на изборната комисија Сади Ѓувен, Ердоган освоил близу 52 отсто од гласовите, додека за Ихсаноглу гласале 15,4 милиони или 38,5 отсто гласачи, а третиот кандидат 41-годишниот адвокат Селјахатин Димирташ, кој потекнува од курдското малцинство а како кандидат го истакна Народната демократска партија (HDP) освоил 9,8 отсто од гласовите, односно за него гласале 3,9 милиони избирачи. Одѕивот на изборите бил 73,1 отсто, поточно гласале 40,9 милиони од вкупо 55,9 милиони избирачи.„Според прелиминарните избори, Реџеп Тајип Ердоган освои апсолутно мнозинство гласови. Поради тоа донесена е одлука да не се печатат избирачки ливчиња за вториот круг, кој требаше д асе одржи на 24-ти август“, изјави Сади Ѓувен. Додаде дека Изборната комисија ќе ги објави прецизираните конечни резултати во понеделник попладнето.Ердоган сѐ уште официјално не ја прогласи победата на првите директни претседателски избори за шеф на турската држава кого досега го избираше парламентот. „Народот се изјасни“, им се обрати на мноштвото приврзаници собрани во конгресниот центар во Истанбул, од каде доцна вечерта замина за Анкара каде пред седиштето на владејачката АКР се собираше маса луѓе во текот на целиот ден очекувајќи го неговото обраќање.Турција под водство на Ердоган стана регионална економска сила. Како премиер се искачи на бранот на верскиот конзерватизам кој ја трансформираше секуларната република каква што ја втемели Мустафа Кемал Ататурк на урнатините на некогашната Отоманска империја, во 1923 година. Меѓутоа, неговите критичари велат дека Ердоган, како претседател, со корени во политичкиот ислам и без толеранција кон политичките неистомисленици, оваа земја членка на НАТО и децениски кандидат за членство во Европската унија, уште повеќе ќе ја оддалечи Турција од секуларните идеали на Ататурк.Ердоган претседателската свечена обврска ќе ја положи на 28-ми август, кога и фактички истекува мандатот на досегашниот претседател Абдула Ѓул, а АКР брзо ќе бара негов наследник на премиерската позиција, како и на должноста челник на партијата. За еден од главните кандидати се смета влијателниот актуелен шеф на дипломатијата, Ахмет Давутоглу, а се споменува и претседателот на заминување Ѓул. Приврзаниците на политиките на Ердоган, кои се претежно конзервативни верници, оваа победа ја сметаат за круснко постигнување на неговите настојувања Турција да биде преобликувана и да ослаби влијанието на секуларната елита.Меѓу гласачите кои гласаа против Ердоган, завладеа резигнираност. „Речиси сум депримиран. Загрижен сум за својата земја, бидејќи и самиот тука сѐ повеќе се чувствувам како странец. Премиерот зборува за Турција која сѐ повее не ја препознава,“, вели за Reuters 43-годишниот Еркан Сонмез, вработен во претпријатие кое се занимава со увози и извоз на стоки. „Не можам веќе да разговарам со соседите коишто гласаат за АКР. Што мислите, дали тоа е тогаш мирна заедница?“, додаваЕрдоган најави дека како претседател ќе стори сѐ што сегашните закони му овозможуваат, за разлика од претходниците кои главно церемонијално ја извршуваа должноста. Освен тоа, се смета дека има намера и да го смени уставот и да воведе претседателски систем во Турција. Сегашниот устав кој е напишан од воената власт по државниот удар од 1980 година, му овозможува да претседава со седниците на владиниот кабинет и да ги именува премиерот и членовите на главните правосудни тела, како што се Уставниот и Врховниот суд. Турција има парламентарен систем и најголемиот дел од овластувањата се кај премиерот, а Ердоган по статутот на Партијата на правдата и развојот (АКР), партија која има исламистички корени и која од своето основање во 2001 година не е поразена на ниедни избори досега, не може повторно да биде кандидат за премиер и во четвртиот мандат. Токму затоа, Ердоган уште на последниот конгрес на партијата пред две години навести дека ќе се кандидира за претседател на државата. Според аналитичарите, иако ќе му беше многу полесно да направи промени во партискиот статут, намерите на Ердоган се како иден претседател да го промени уставот и да ги обедини сите овластувања, бидејќи смета дека силниот претседателски систем, според примерот на американскиот модел, многу повеќе би ѝ одговарал на Труција, отколку сегашниот парламентарен систем. Покрај тоа, тоа би му овозможил и да ги има кај себе овластувањата и на претседателот и на премиерот. САД му се примерот и по тоа што, како што рече, и претседателот Барак Обама, како впрочем и германската канцеларка Ангела Меркел, остануваат на своите должности и додека ги водат предизборните кампањи, Затоа и самиот Ердоган не ги прифати барањата на опозицијата како премиер да поднесе оставка пред почетокот на кампањата за претседател на државата./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Детаљно пребарани тунелите, каналите и шахтите, нема траги од Данка: се огласија српските полицајци

Објавено пред

Специјалистички екипи за спасување од урнатини на Секторот за вонредни состојби од Белград и Нови Сад заедно со други припадници на МВР од раните утрински часови темелно ги пребаруваа тунелите, подземните канали и шахтите со вкупна должина од 4,5 километри во месноста Бањско Поле до градот Бор и не се пронајдени траги што би укажувале дека таму била двегодишната Данка Илиќ, пренесуваат српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

По повеќе од 70 часа детаљно пребарување на теренот во Бањско Поле, припадниците на Министерството за внатрешни работи продолжуваат со интензивно и оперативно пронаоѓање на девојчето и утврдување сите факти и околности за исчезнувањето на детето, според последните извештаи.

Медиумите потсетуваат, од моментот на пријавување на исчезнувањето на 26 март во потрагата по исчезнатото девојче учествуваа стотина припадници на МВР, кои темелно и сеопфатно го прегледаа поширокиот и потесниот простор на ова место со вкупна површина од 10-ина квадратни километри.

Прикажи повеќе...

Регион

Завршено вештачењето на мобилниот телефон на мајката на Данка, биле бришени пораки и повици, објавија српските медиуми

Објавено пред

Мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ бил испратен на вештачење по исчезнувањето на девојчето. Неофицијалните податоци говорат дека мајката избришала многу пораки и повици ден пред и на денот на исчезнувањето на Данка, објави српски „Блиц“.

dobivaj vesti na viber

Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало дека се избришани многу пораки и податоци за повици, пишува српски „Информер“.

„На ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на Данка Илиќ многу пораки и повици се избришани од телефонот. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци“, рекол изворот.

Како што се дознава, пред исчезнувањето на Данка Илиќ мајката трипати го фотографирала детето од разни агли.

Да потсетиме, мајката на Данка Илиќ, Ивана, денеска повторно е во полициската станица во Бор, каде што е на распит за околностите на својата исчезната ќерка. Таткото помина на полиграфското тестирање.

Прикажи повеќе...

Регион

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Објавено пред

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два часа. Познато е дека кога ќе исчезне дете, веднаш се пријавува за да се реагира бргу, изјави Марко Ницовиќ, поранешен началник на белградската полиција, за „Телеграф.рс“.

dobivaj vesti na viber

Според Ницовиќ, полицијата оди во добра насока бидејќи ја проверува секоја педа од земјата, но се надеваат и дека темелно се проверуваат граничните премини бидејќи не ја исклучуваат можноста за киднапирање.

„Би можело да биде сè, не е исклучена никаква можност. Ако мајката рече дека го оставила девојчето на минута, го поставуваме прашањето каде би можело да оди двегодишното дете? Колку далеку, без мајка му да го најде? Второ, зошто чекаа два часа? Има простор и за киднапирање, а знаеме дека границата е блиску, но и за многу повеќе. Отворени се многу прашања и останува да се почека истражните органи да си ја завршат работата“, вели Ницовиќ за српски „Телеграф“.

Да потсетиме, потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во четвртиот ден. Во потрагата од утрово се вклучени уште 18 пожарникари и кучето Зиги.

Багери вчера цел ден копаа и вадеа ѓубре и шут од куќата, а пред куќата каде што последен пат беше видена исчезнатата Данка по која трага цела Србија, пристигна тешка механизација, која ќе продолжи да работи денес за да се расчисти теренот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ2 часа

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ4 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија5 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Македонија6 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион7 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион7 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа7 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет8 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа8 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија20 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија22 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија23 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија1 ден

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија1 ден

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија1 ден

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...