Регион
Ердоган, како претседател, ветува нова Турција
Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган ја заврши во саботата навечер кампањата за претседателските избори повторувајќи го ветувањето дека ќе изгради „нова Турција“, пред гласањето во недела на кое се очекува дека ќе го продолжи своето единаесетгодишно владеење со земјата.
Пред повеќе десетици одушевени приврзаници собрани во еден од неговите изборни бастиони Коња, во централна Турција, 60-годишниот премиер Реџеп Тајип Ердоган кој се кандираше на првите претседателски избори во земјата на коишто шефот на државата ќе се избира директно, демонстрираше голема самоувереност и убеденост во својата победа над двајцата противкандидати уште во првиот круг, пренесуваат турските медиум.„Ако Господ даде, утре ќе се роди нова Турција. Силна Турција утре повторно ќе се роди од пепелта“, истакна Ердоган.„На 3-ти ноември (2002 година) ја избравте народната партија, а утре, ако Господ даде, ќе го изберете народниот претседател“, изјави премиерот алудирајќи на својата Партија на правдата и развојот (АКР) која е на власт од 2002 година.„Ѝ одѕвони на старата Турција и на нејзината секташка политика. Дојде крајот на политиките втемелени на етнички принципи и начин на живот“, истакна Ердоган кој се прогласи за „народен кандидат“ и вети дека ќе биде претседател на „77 милиони Турци“, како и дека ќе се бори против сите видови дискриминација.Ердоган, кој е премиер од 2003 година, има најмногу шанси за победа на изборите во недела. Негов главен ривал е заедничкиот кандидат на двете главни опозициски партии а потекнува од Партијата на национална акција (MHP) од националистичката десница, Екмеледин Ихсаноглу, 70-годишен професор по историја и поранешен претседател на Организацијата на исламската конференција (OCI), а противкандидат му е и 41-годишниот адвокат Селахатин Димирташ, кој потекнува од курдското малцинство а како кандидат го истакна Народната демократска партија (HDP).Според последната анкета којашто изминатава седмица ја објави приватниот институт Конда, Ердоган добива 57 отсто од гласовите, Ихсаноглу има 34 отсто поддршка, а Демирташ – 9 проценти.На изборите е можат да гласаат 53 милиони турски избирачи кои можат да го остварат правото првпат да гласаат да претседател на земјата од 5 до 14 часот по локално време (од 7 до 16 часот по средноевропско време). Првите прелиминарни резултати се очекуваат во текот на вечерта./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ каде исчезна девојчето Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“ кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед кој живее недалеку од местото каде исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13 часот и 45 минути.
Регион
Багер пристигна пред куќата на исчезнатата Данка: полицијата го блокираше пристапот
Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, додека пред неа пристигнал багер, објави српски Телеграф.
Според медиумот, се уште нема официјални информации зошто е донесен багер, а нивниот репортер јавува дека полицијата отвора шахти околу куќата на семејството Илиќ.
Како што пренесуваат, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.
2-годишната Данка исчезна во моментот кога нејзината мајка му давала вода на друго дете. Носела виолетови панталони, маслинеста јакна, а косата и била врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Abber Alert наречен „Најди ме“.
По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи, како и бројни мештани. По 27 часа српската полиција го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поле.
Регион
Што се случи на денот кога исчезна малата Данка, првата сосетка раскажува
Живанка Трајковиќ од Бањско поле, првата сосетка на семејството Данка Илиќ (2) која исчезна пред три дена, раскажа што се случило на денот кога исчезна девојчето.
– Беше емотивно за сите нас. За сите граѓани. Таткото плачеше, бабата, дедото. Тие беа многу потресени. Луѓето плачеа, плачев и јас. Беше тешко и жално за сите“, вели таа.
Сосетката вели дека семејството на исчезнатото девојче не живее во селото каде што исчезнало, туку дека дедото доаѓа повремено.
-Имаше малку сонце, ветровито – го опишува денот кога исчезна Данка и продолжува:
– Полицијата дојде. Кога слушнав дека девојчето исчезнало, се зачудив. Зошто овде? Како? Мирно е, тивко е… Јас сум првата куќа до нив. Видовме дека има некој во шумата, во нивниот дел, но не обрнавме внимание. Ја работевме нашата работа што ја работевме. И не обрнувавме внимание додека не не праша полицијата. Да, теренот е непристапен. Има дупки, има секакви работи. Некои подземни води, има и поток. Сосема е нелогично каде отиде девојчето. Некој од соседството рече дека ја виделе токму таму пред нашата врата. Таму имаме песок, децата сакаат песок. Сигурно ќе останеше некоја трага. Сепак, не најдовме никаква трага. Ништо не видовме“, рече сосетката.