Регион
Ердоган најави нова тактика во борбата против тероризмот
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во петокот дека е неопходно подготвување на новата тактика во борбата против тероризмот, имајќи ја предвид ситуацијата во соседна Сирија.
„Имајќи го предвид она што се случува во Сирија, се јави неопходноста од преземање нови чекори. Ние навлеговме во нова фаза во справувањето со тероризмот. Решителни сме да дејствуваме одлучно и да ги преземеме сите неопходни мерки за заштита на националната безбедност“, рече Ердоган.
Притоа истакна дека турската влада не гледа разлика во заканата којашто произлегува од Исламската држава, Работничката партија на Курдистан (ПКК) или другите терористички организации.
Претходно во петокот претпладнето кабинетот на премиерот Ахмет Давутоглу објави дека ноќта кои и утрото во петокот била спроведена голема полициска акција на територијата на цела Турција во текот на којашто во 13 покраини биле уапсени 251 член на Исламската држава, на Работничката партија на Курдистан (ПКК) и организации поврзани со неа, како и маргинални левичарски групи, претставуваат закана за општествениот поредок“. Според спроведените процени, нивните активности бил насочени кон подготовки на акции и напади врз нашите безбедносни сили и граѓани.
„Нам ни е сеедно како тие се нарекуваа, за нас сите тие се терористи. Разговаравме телефонски со претседателот (на САД, Барак) Обама, и ја потврдивме нашата решителност во борбата против Исламската држава“, рече Ердоган.
И премиерот Давутоглу претходно во петокот потврди дека е постигнат договор со САД за борбата против џихадистите, но не откри детали од овој договор.
Турските медиуми пренесоа дека по повеќемесечни преговори меѓу САД и Турција, Вашингтон се согласил на формирање зона на забранети летови во северна Сирија по должината на 900 километри долгата турско-сириска граница и 50 километри во длабочина. Во замена Анкара се согласи да одобри користење на нејзината воздухопловна база „Инџирлик“ од страна на американскиот борбени авиони за воздушни операции против Исламската држава во Сирија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајката на осомничениот за убиството на Данка: Не го видов телото на мојот син
Светлана Драгијевиќ, мајката на Далибор Драгијевиќ, кој почина од насилна смрт во полициската станица во Бор, на распитот за убиството на Данка Илиќ (2), за порталот „Нова.рс“ вели дека нејзиниот починат син бил жртва на полициска тортура.
Таа истакнува дека не го видела телото, и дека се уште го чека извештајот од обдукцијата на нејзиниот син.
Драгијевиќ е брат на Дејан, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ. Тој беше приведен на 6 април под сомнение дека му помогнал на својот брат да го сокрие нејзиното тело, а почина ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 7 април.
Мајката на Драгијевиќ за Нова.рс изјави дека никој не дошол кај неа да и каже дека нејзиниот син е претепан, туку дека само полицаецот дошол да ја извести за неговиот погреб.
„Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил, од Бор се. Извештајот од обдукцијата се уште не сум го добила, па се надевам дека ќе открие се“, вели Светлана, која исто така наведува дека не го видела телото на синот.
Неделникот „Радар“ неодамна објави дека обдукцијата покажала дека Драгијевиќ починал со насилна смрт, а доказ за тоа се бројните повреди што ги имал по телото. Но, полицијата во соопштението наведе дека Драгијевиќ починал од природна смрт, односно му се слошило во полициската станица.
Полицијата ги уапси работниците на ПУК „Водовод“ Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ под сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ. Таткото Радослав и братот Далибор на осомничениот Драгијевиќ беа приведени под сомнение дека му помогнале да го сокрие телото на детето.
Телото на Данка се уште не е пронајдено.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Регион
Девојка што исчезна во март во Србија е пронајдена
Тијана Симиќ, која била пријавена за исчезната на 13 март оваа година, и последен пат била видена на Карабурма во Белград, е пронајдена повеќе од еден месец од нејзиното исчезнување.
Засега не се познати детали, а среќните вести ги објави нејзината сестра на „Твитер“.
„Тијана ја пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта“, напиша таа.
Tijanu smo pronašli, hvala puno svima na pomoći ♥️
— fifo (@sofoklee) April 24, 2024
Семејството на Тијана молеше за помош или било каква информација за неа, и после повеќе од еден месец е пронајдена.