Регион
Ердоган негодува за сопирање на истрагата против германскиот сатиричар
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вложил жалба на сопирањето на судскиот прогон на германскиот комичар, автор на сатирата насочена против него, што е нова фаза од скандалот кој пролетва, меѓу другото, придонесе за турско-германската дипломатска криза, соопшти во понеделникот државното обвинителство во Мајнц.
„Адвокатот кој го застапува турскиот претседател поднесе во неделата жалба до државното обвинителство во Мајнц и до главното државно обвинителство во Кобленц кои се надлежни за овој случај“, се наведува во соопштението на Андреа Келер, главна државна обвинителка во Мајнц.
Келер истакнува дека главното обвинителство во Кобленц ќе одлучи за натамошната постапка во овој предмет, односно дали ќе покрене постапка против Јан Бомерман, германскиот комичар кој има своја емисија на јавниот сервис ZDF.
Државното обвинителство во Мајнц минатиот вторник соопшти дека се откажува од судското гонење на Јан Бомерман. Оценувајќи дека „резултатите од истрагата покажуваат дека кривичното дело не може да се докаже“.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го тужеше сатиричарот бидејќи на 31-ви март годинава во својата телевизиска емисија „Neo Magazin Royale“ читаше текст во којшто го нарече „педофил и содомист“.
Оваа „песна“ го разгневи Ердоган и официјална Анкара и доби политички димензии откако германската канцеларка Ангела Меркел му дозволи на државното обвинителство врз основа на законот од членот 19 да покрене постапка поради „навреда на претставник на странска држава“, за што според германскиот закон може да се добие три години затвор.
Меѓутоа, државното обвинителство во Мајнц оценило дека „нижењето претерани описи“ покажува дека навистина станува збор за сатира, а не за „сериозен напад“ врз турскиот претседател.
Адвокатите на Бомерман, пак, образложуваа дека тој сакал само да укаже на тоа што во Германија е забрането.
Германското правосудство во ноември ќе одлучува по другата жалба на Ердоган во рамките на граѓанската парница со којашто сака да биде забрането натамошното објавување на таа „песна“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.