Регион
Ердоган положи заклетва и го именуваше Давутоглу за премиер
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја положи свечената обврска во четвртокот станувајќи и официјално 12-от турски претседател, прв кој е избран на директни избори, со што ја зацврсти својата позиција на најмоќен челник во поновата турска историја, поради што неговите противници стравуваат од зајакнување на авторитарното владеење во земјата.
Читајќи го текстот на свечената обврска што се одржа во турскиот парламент, Ердоган се обврза дека е ја штити турската независност и интегритет, придржувајќи се а од уставот и начелата на Мустафа Кемал Ататурк, втемелувачот на современата секуларна република.
По положувањето на заклетвата, Ердоган положи венец пред мавзолејот на Ататурк, по што се одржа свеченост во претседателската палата, на којашто покрај многуте странски претставници присуствуваш и македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Во меѓувреме, по положувањето на заклетвата, Едроган за нов претседател на владата, односно негова заменик на функцијата којашто ја извршуваше непрекинато 11 години го именуваше досегашниот министер за надворешни работи Ахмед Давутоглу. Давутоглу ќе ја води сегашната влада додека Ердоган од него не побара да формира нова. Се очекува дека тоа ќе се случи уште во петок.
Парламентарците од најсилната турска опозициска партија CHP демонстративно излегоа од прелнарната сала неколку моменти пред Ердгоан да ј аположи заклетвата, а претседателот на партијата Кемал Каличдароглу го бојкотираше целиот настан, обвинувајќи го новиот претседател за кршење на уставот имајќи предвид дека по победата на претседателските избори остана на премиерската функција, како и за време предизборната кампања. Ердоган уште претходно на ваквите забелешки одговори со компарација со американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел кои остануваат на должностите во текот на изборите.
„Повеќе од кога и да е досега стравуваме од автократското владеење на еден човек во Турција“, изјави за Reuters парламентарецот од CHP, Ајкан Ердемир./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.