Контакт

Регион

Ердоган:Експлозијата провокација пред изборите

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека експлозиите во кои загинаа две лица, а беа ранети над 100 на југоистокот на Турција се провокација чија цел е да се загрози мирот пред парламентарните избори во недела.
 

dobivaj vesti na viber

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека експлозиите во кои загинаа две лица, а беа ранети над 100 на југоистокот на Турција се провокација чија цел е да се загрози мирот пред парламентарните избори во недела.

 

 

Ердоган во соопштението изрази жалење поради инцидентот и сочувство до породиците на жртвите, пренесе Reuters.

 

Тој информираше дека државните власти спроведуваат темелна истрага за инцидентот.

 

Две еклозии одекнаа на митинг на прокурдската опозициска Народна демократска партија, по што накратко дојде и до судир помеѓу активисти и полицијата, која употреби солзавец и водени топови. /крај/ 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

На Кристофер Хил му се заканувале со смрт при посета на Филозофскиот факултет во Нови Сад

Објавено пред

Смртни закани до американскиот амбасадор Кристофер Хил и професорот од Универзитетот во Нови Сад, Динко Грухоњиќ, се појавија на социјалните мрежи по вчерашната посета на амбасадорот на Филозофскиот факултет.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува порталот „Автономија“ од Нови Сад, на социјалните мрежи пишува „Куршум за двајцата“.

Филозофскиот факултет соопшти дека американскиот амбасадор Кристофер Хил ги посетил Факултетот и Катедрата за медиумски студии, каде што разговарал со деканот, Иван Живанчевиќ Шеќеруш, и со продеканот за меѓународна соработка, Зоран Пауновиќ, по што го обиколил мултимедијалното ТВ-студио, кое е изградено со помош на Амбасадата на САД.

Се додава дека амбасадорот Хил разговарал со наставниците и учениците за состојбата со слободата на медиумите во Србија и за заканите добиени за новинари, професори и студенти во Нови Сад.

На таа тема амбасадорот Хил на Факултетот одвоено разговараше со Динк Грухоњиќ од Катедрата за медиумски студии при Филозофскиот факултет, кој неодамна беше цел на закани, по што даде интервју и за студентската веб-страница „Универзитетско ехо“, чие создавање беше помогнато и од Амбасадата на САД.

Студентскиот парламент на Филозофскиот факултет поднесе извештај до Етичката комисија на Факултетот против професорот Грухоњиќ за наводен говор на омраза.

Грухоњиќ беше обвинет за говор на омраза врз основа на монтирана видеоснимка од форумот во Дубровник пред една година, каде што наводно величеше воен злосторник од Втората светска војна (Динк Шакиќ), што професорот остро го демантира и потсети дека целата негова кариера како новинар и професор помина како доследен борец против национализмот и против глорификацијата на политиката за воени злосторства во регионот.

Прикажи повеќе...

Регион

Пронајдено телото на подофицер на војската на Србија, кој паднал во вода на вежба

Објавено пред

Телото на подофицер на Војската на Србија е пронајдено утрово во каналот Дунав-Тиса-Дунав, дознава Телеграф.рс.

dobivaj vesti na viber

Еден подофицер на вооружените сили на Србија е тешко повреден вчера при вежба на каналот Дунав-Тиса-Дунав, додека по друг се трага откако паднал во вода, соопшти Министерството за одбрана.

Телото на бараниот подофицер е пронајдено утрово.

Како што се наведува во соопштението, инцидентот се случил при реализација на редовни тренажни активности на слетување од хеликоптер на водната површина на каналот Дунав-Тиса-Дунав, во реонот на воениот комплекс „Орешац“ околу 12:15 часот.

Вежбата ја изведоа припадници на 72 бригада за специјални операции.

По укажаната прва помош, повредениот подофицер бил итно пренесен во Општата болница во Вршац.

Прикажи повеќе...

Регион

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Објавено пред

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да не сведочи во Обвинителството.

dobivaj vesti na viber

Таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените.

„Сведокот Светлана Драгијевиќ е привилегиран сведок. Таа го искористи правото да не сведочи“, изјави адвокатот Небојша Живановиќ.

Денеска ќе бидат сослушани уште двајца сведоци, а утре во Обвинителството се повикани уште неколку.

Тројца членови на семејството Драгијевиќ беа уапсени за убиство на двегодишно девојче, но помладиот син на Светлана, Далибор, почина во притвор од срцев удар неполни 48 часа по апсењето.

Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот се осомничени за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ од Бор по чие тело 12 дена континуирано се трага.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија3 часа

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија4 часа

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија4 часа

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет4 часа

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет5 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија5 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион6 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет7 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го карактеризира како терористички чин, напаѓачот уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет7 часа

Иран зад себе има незамислива сила, која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион7 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија17 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија17 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија1 ден

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија1 ден

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија1 ден

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија1 ден

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија1 ден

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized1 ден

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...