Регион
Евакуација на италијански траект на кој изби пожар во Грција
Во неделата претпладне трае меѓународна спасувачка операција на море во услови на силен ветар откако на италијански траект со 466 патници и челнови на екипажот избил пожар на патот од Грција кон Италија, а капетанот на бродот наредил евакуација.
Патниците кои се јавува во грчката државна телевизија дадоа драматични изјави за ситуацијата на бродот по избувнувањето на пожарот во неделата рано наутро додека половел на Патра во западна Грција кон Анкона во Италија.
„Се обидоа да ги спуштат чамците за спасување, но не можевме сите да се качиме во нив. Нема координација“, изјави еден патник. „Темно е, дното на бродот гори. Ние сме на мостот, гледаме чамец кој се приближува… отворивме некои кутии и најдовме појаси за спасување, се обидуваме да се спасиме“, додаде.
Засега не е познато дали има жртви или патници во морето чии ниски зимски температури ќе го отежнат преживувањето доколку спасувачите не дојдат брзо. Претходните извештаи говореа дека некои патици скокнале во морето за да избегат од пламените јазици.
Траектот „Norman Atlantic“ во кој имало 222 возила, 411 патници и 55 членови на екипажот, се наоѓал 44 наутички милји северозападно од островот Крф кога испратил повик за помош поради пожар на долната палуба, соопшти крајбрежната стража на Грција.
„Бродот е веќе евакуира“, изјави неименуван функционер за Reuters додавајќи дека 130 луѓе се префрлени од чамците за спасување на товарен брод кој бил во близината кога избил пожарот на траектот.
Според функционерите, во операцијата на спасување, којашто се спроведува во тешки и сложени временски услови, учествуваат покрај грчките и италијански и албански власти. Уште седум бродови допловиле во областа во којашто е траектот, а испратени се и спасувачки хеликоптери и авион „С-130“ за потрага и спасување./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.