Контакт

Регион

Евакуирани 420 луѓе поради поплава во Чачак

Објавено пред

Во Општина Чачак, во Србија, прогласена е вонредна состојба поради излевање на реката, а слична е ситуацијата во неколку соседни општини, јавуваат српските медиуми, по силниот дожд кој го зафати овој дел на земјата.

dobivaj vesti na viber

Од неколку села околу Чачак, досега евакуирани се 420 луѓе, чии куќи и помошни простории, како и нивите се поплавени по излевањето на реката Чемерница, велат од Штабот за вонредни состојби.На седницата на Штабот имало информација дека една куќа изгорела поради прекин на електричните кабли, а во неа имало две постари лица, од кои жената била неподвижна, но биле спасени.Сите евакуирани луѓе се сместени во прифатилиштата кои се опремени за тоа, како Домови на културата во селата и прифатилиштата во Чачак.По излевањето на реките во општините Чачак, Лучани, Ариље и Бајина Башта, прогласена е вонредна состојба, водените текови растат, а наложена е евакуација на најзагрозените.Еден таксист во утринските часови бил заробен во својот автомобил на локален пат, на делот кој бил поплавен.Вонредна состојба од поплави прогласена е и на териториите на општините околу реките Кубушница, Јасеница и Велики Луг.Прекината е испораката на вода за пиење кон пет градови, и тоа кон Чачак, Ариље, Пожега, Лучани и Горњи Милановац, поради дефектот на водосистемот кој настанал при поплавите./крај/мф/бб

Регион

Земјотресот го потресе Мостар, почувствуван е и во околните градови

Објавено пред

Земјотрес со се уште неутврдена јачина во 19 часот и 30 минути го потресе поширокото подрачје на Мостар, објави Кликс.

dobivaj vesti na viber

Како што е наведено на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил во близина на Мостар

„Кратко, но силно“, „Силно се тресеше“, се дел од сведоштвата на веб-страницата на ЕМСЦ.

Прикажи повеќе...

Регион

Подофицер на вооружените сили на Србија повреден на вежба, друг паднал во вода, се трага по него

Објавено пред

Подофицер на вооружените сили на Србија денеска е тешко повреден за време на вежба на каналот Дунав-Тиса-Дунав, додека по падот во водата се уште се трага по друг подофицер, соопшти денеска српското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Како што се наведува во соопштението, инцидентот се случил при реализација на редовни практични активности на слетување од хеликоптер на водната површина на каналот Дунав-Тиса-Дунав, во реонот на воениот комплекс „Орешац“ околу 12:15 часот.

Вежбата ја изведоа припадници на 72 бригада за специјални операции.

По укажаната прва помош, повредениот подофицер бил итно пренесен во Општата болница во Вршац.

Јавноста ќе биде информирана за резултатите од потрагата по припадник на 72 бригада за специјални операции, како и за состојбата на повредениот војник, стои во соопштението на српското Министерство за одбрана.

Прикажи повеќе...

Регион

Мајката на убиената Данка чека син: братот на малото девојче секој ден прашува за сестра си

Објавено пред

Мајката на убиената Данка Илиќ ,која е бремена и чека син, и покрај целиот стрес и агонијата, успешно ја одржува бременоста. Таа и нејзиниот сопруг Милош неодамна беа во Белград на редовен преглед на третата бременост.

dobivaj vesti na viber

„Засега, и покрај целиот стрес и агонијата низ кои поминува ова семејство, сè е во ред со бременоста на Ивана. Да имала среќа, малата Данка би се радувала и на друг брат“, пишуваат српските медиуми.

Соседите и пријателите на родителите на Данка, Милош и Ивана Илиќ, велат дека се покрај нив со болка за ќерката.

„Постариот брат на Данка (3) секој ден ја бара сестра си, ова е најстрашното нешто што можеше да му се случи на семејството Илиќ. Ја познавам мајката на Милош, работи во спортскиот центар во Бор, тивка е и убава жена, таа е на лекови откако се случи ова бидејќи таа често се грижеше за малата Данка и за брат ѝ“, изјавил пријател на семејството Илиќ.

Жителите на Злот се збунети и вознемирени бидејќи телото на девојчето сè уште не е пронајдено.

Тие потврдија дека сега во Злот има многу помалку полицајци отколку во првите денови од потрагата по телото, но дека сè уште има инспектори во цивилна облека, како и неколку униформирани припадници на полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија8 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија15 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија16 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија16 часа

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија17 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија18 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized18 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ18 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија19 часа

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет20 часа

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет21 час

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет22 часа

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...

Македонија22 часа

(Видео) Пендаровски: Мицкоски е докажан извор на лажни вести, страв му е да не му се врати Груевски

На вечерашниот граѓански митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните...

Свет22 часа

САД: Нема значителна штета во Израел

Висок американски воен функционер рече дека Соединетите држави проценуваат дека нема значителна штета во самиот Израел по иранското бомбардирање. Портпаролот...

Свет1 ден

(Видео) „Израел уништил балистичка ракета надвор од земјината атмосфера“ – мистериозна снимка за време на масовниот ирански напад

Израелската противвоздушна одбрана се мачеше да се спротивстави на масовниот напад на ирански беспилотни летала и ракети! На едно од...

Свет2 дена

Њујорк Тајмс тврди дека Бајден го разубедил Нетанјаху од планот за контра-напад врз Иран

Американскиот претседател Џо Бајден го одврати премиерот Бенјамин Нетанјаху да даде зелено светло за одмазднички напад врз Иран, откако минатата...

Македонија2 дена

Османи: Формиравме Кризен штаб за извлекување на нашите државјани од Израел и регионот по нападот на Иран

Што знаеме досега: 🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до...

Свет2 дена

(Видео) Детално откриваме како функционира „железната купола“ на Израел која ги собори повеќето ракети како шега – никој во светот го нема ова

Што знаеме досега: 🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до...

Свет2 дена

Операција „Чесно ветување“: Иран ѝ се заканува на Америка, Израел наскоро ќе носи одлука – се очекува тешка одмазда

Иранскиот напад врз Израел со над 300 беспилотни летала, крстаречки и балистички ракети заврши без сериозни последици откако огромното мнозинство...