Регион
Финансиската криза го влоши психичкото здравје на Грците
Драстичните промени во секојдневието на Грците во изминатите години имаат сериозни последици врз состојбата на менталното здравје на луѓето во земјата.
Психијатриските болници во цела Грција се полни со пациенти со нарушено психичко здравје, а болницата во Атика месечно прима по околу 200 нови пациенти. Бројот на пациентите го надминал капацитетот на болницата за 30 проценти, а поради ова тие се приморани да се сместуваат дури и во ходниците на здравствената установа.
Од 2010 година па наваму се зголемил и бројот на луѓето кои присилно се сместени во психијатриски установи, а во моментов околу 55 проценти од пациентите се примени во болница против својата волја, со интервенција на полицијата или на обвинителството, пренесува Бгнес.
Лекарите го поврзуваат драстично зголемување на пациентите со финансиски проблеми, а пациентите во овие институции се главно невработени, банкротирани бизнисмени или родители кои немаат средства да се грижат и да ги прехранат своите деца. Повеќето од нив се над 40-годишна возраст и никогаш пред тоа не покажувале знаци на ментални болести.
Покрај тоа, стотици бездомници исто така завршуваат во психијатриските установи со тешки ментални заболувања, но нивниот престој обично е краток, а потоа се враќаат на улица без никаква медицинска грижа./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.