Регион
Формирана коалиција „Успешна Хрватска“ од партиите на Јосиповиќ и на Чачиќ
Поранешниот хрвaтски претседател Иво Јосиповиќ и поранешниот потпретседател на Владата на Хрватска, Радомир Чачиќ, како лидери на партиите Напред Хрватска прогресивен сојуз и Народната партија на реформисти, потпишаа коалициска спогодба за претстојните парламентарни избори, јави хрватската агенција Hina.
Предизборната коалиција е наречена „Успешна Хрватска“, а претставена е како коалиција без водач.Јосиповиќ и Чачиќ рекоа дека се надеваат дека коалицијата ќе привлече уште неколку партии од левиот ценатр, пред се регионални партии.„Од нашата програма видливо е кои се тие партии, со нив се преговара и чекаме одлука од нивните тела“, рече Јосиповиќ.Двете партии во новата коалиција гледаат и некои пензионерски партии, а на пирашањето дали може да се очекува коалиција и до поранешниот министер за финансии Славко Линиќ, и поранешната премиерка Јадранка Косор, Чачиќ рече дека се отворени за соработка со угледни поедници, чие знаење и споробност може да помогнат во опоравувањето на Хрватска.Сепак, потврдија дека со партијата на актуелниот градоначалник Милан Бандиќ, немаат политички контакти.Самите челници на новата коалиција рекоа дека Успешна Хрватска не е насочена против СДП.„Не сме портив никого. Ние сме автохтони политичари и соработуваме со оние кои програмски ни се слични“, рече Јосиповиќ.Претставувајќи ја коалицијата на граѓаните им ветија 10 отсто поголема вработеност, 30 отсто поголеми домашни и странски инвестиции, реформа на правосудтвото и јавната управа и регионализација на државата.Сегашната поделба на жупании ја сметаат за нерационална и прескапа а регионите ги гледаат како единици со многу повеќе пари и поголеми овластувања од оние кои ги имаат жупаниите./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.
Регион
Османи: Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово
Косовската претседателка Вјоса Османи упати низа обвинувања за Србија на седницата на Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) посветена на Косово.
Османи обвини дека Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово.
Таа изјави дека Србија ја заплашува српската заедница на северот на Косово, а како пример го наведе неодамнешното апсење на косовски полицајци во Србија, пренесува „Радио Слободна Европа“.
Османи обвини и оти Србија претходните денови на граница задржувала автобуси со патници од албанска националност.
Владата на Косово претходно овие постапки ги оцени како одмазда на Србија за поддршката дадена од Парламентарното собрание на Советот на Европа за членството на Косово во оваа организација.
„Србите во Косово се под притисок, но од страна на властите во Србија“, рече Османи.