Регион
Француски банкар притворен во Грција за финансиски малверзации
Француски банкар, осомничен за вмешаност во повеќе корупциски афери во врска со тендери, е притворен во понеделникот во Грција, пренесуваат тамошните медиуми повикувајќи се на полициски извори.
Станува збор за поранешен челник на познатата банка „BNP Paribas“ кој работел во Швајцарија и по кого беше распиша меѓународна потерници, а бил уапсен во саботата на аеродромот во Аби Даби, во Обединетите Арапски Емирати, по што итно е префрлен во Грција.
Педесет ипетгодишниот Жан-Клод Освалд во понеделникот бил изведен пред судии од судот за борба со корупцијата, во врска со неговата улога во повеќе афери за перење пари, и тоа една во врска со поткуп при купување оружје од германскиот производител „Wegmann“, и во друга афера во врска со купување на радари од „Ericsson“ и „Embraer“.
На Жан-Клод Освалд треба да му се суди и во рамките на големата афера за наводна корупција при тендерите на коишто победила корпорацијата „Siemenes“. Оваа германска компанија е обвинета дека во 1997 година исплатила провизија од околу 70 милиони евра при склучување на договор за дигитализација на грчката телекомуникациска компанија ОТЕ.
Панајотис Наколудис, поранешен судија за финансиски криминал и министер за справување со корупцијата во владата на радикалната левица предводена од премиерот Алексис Ципрас, изјави дека државата поради тие видови криминал загубила „повеќе десетици милијарди евра“, што според неговата оцена е „главната причина“ за експлозијата на грчкиот државен долг поради кој Грција веќе пет години е во тешка економска криза.
Наколудис наведе дека во тој систем на корупција „почетната“ сума за провизијата изнесувала 2 до 2,5 отсто од вредноста на договорот, па и 4 отсто при купување оружје во странство, а дури 23 отсто за купување медицинска опрема./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ го откажал полномошното на адвокатот
Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.
Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.
Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност на Радослав Д.
Биолошкиот брат на осомничениот Дејан Д., Далибор Д., почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде беше осомничен дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на двегодишното девојче.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.