Регион
Француски медиуми: Саудијците сакаат Косово да го претворат во балкански Моленбек
Саудиска Арабија сака самопрогласената држава Косово да ја претвори во Моленбек на Балканот, пишува францускиот весник Пуан, пренесува Спутник.
Авторот Мишел Коломес се повикал на податоците кои претходно биле објавени од страна на New York Times, а во кои се анализра зошто на Блискиот Исток најмногу обучени џихадисти пристигнуваат од Косово.
Косово се споменува како мала држава која настана по распадот на Југославија и како место каде Саудиска Арабија праќа многу пари, но и свои проповедници. Весникот споменува дека поради ова Косово се претворило во регрутен центар на терористичката организација „Исламска држава“.
Според доказите на New York Times, парите на Саудиска Арабија помогнало за тоа населението, од кое поголем дел до почетокот на 2000-та година практикувале умерен ислам, масовно се претворило во вехабии, проповедници на доста остри и радикални струи на исламот.
Саудијците не штеделе на овој подвиг, па така повикале и десетина студенти да дојдат и да изучуваат ислам на универзитетите ширум Кралството. Освен тоа, на Косово биле изградени и 240 земји, што е за една третина повеќе од бројот на религиозните храмови во претходниот период, а пратени биле и имами за да проповедаат „вистински“ ислам.
Покрај зголемениот број на џамии, тука се и девојките кои се мораат да носат хиџаб, но и постојаното заплашување на криминалците на сметка на политичарите и новинарите кои ги сметаат за „безбожници“, бидејќи имале „премногу умерени ставови“. Исто така, тука се и 314-те млади кои станале дел од „Исламска држава“.
Двајца од нив загинале додека активирале бомби за време на терористички напади, по еден во Ирак и Турција. Според францускиот весник не е случане ниту фактот дека Американците сега ги откриле и објавиле овие податоци.
САД сега се повеќе се дистанцираат од Саудиска Арабија, која од крајот на Втората светска војна беше привилегиран партнер на Вашингтон во овој регион. Сега пак, излегува на виделина дека Саудијците во последните 20 години всушност „им забиле нож во грб“ на Американците.
Како друга причина за големото разочарување на САД е тоа што тие му помогнале на Косово да се осамостои во 2008-та година и го сметале за свој протекторат, земја со умерен ислам. Авторот заклучува дека Вашингтон не видел дека Саудијците им се зад грб, и блаодарејќи на сопствената благосостојба сега финансираат лути џихадисти./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.