Контакт

Регион

Гашиќ: Премиерот Вучиќ е најзагрозената личност, војската подготвена да го чува

Објавено пред

Според проценките на српските безбедносни служби, премиерот Александар Вучиќ е најзагрозена личност во земјата, а српската војска е апсолутно подготвена да го чува, изјавил српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ, пренесуваат српските медиуми. 

dobivaj vesti na viber

Министерот за одбрана Гашиќ навел дека за безбедноста на српскиот премиер е задолжена српската војска и дека таа е апсолутна подготвена да одговори на сите закани и безбедносни ризици, кои би можеле на каков и да е начин да го загрозат премиерот.

Говорејќи за безбедносните ризици, а потсетувајќи на убиството на поранешниот српски премиер Зоран Ѓингиќ, Гашиќ оценил дека истите актери и денес се на сцената во Србија.

„Тоа се политичко-криминално-тајкунско-медиумски актери, а тие беа присутни и кога се случи тоа немило случување“, констатирал Гашиќ, додавајќи дека за сите информации во овој поглед сега секојдневно се бави посебно формиран штаб во рамките на српското министерство за одбрана./крај/мф/бс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Згмечен автобус откако удри во друг автобус во Осиек, бројот на повредени се искачи на 20 лица

Објавено пред

Дваесет лица се повредени во судир на два градски автобуси што се случи утринава на раскрсницата на улиците Вуковарска и Чесариќева во Осиек, а според досегашните информации, никој не е во животна опасност, известија од градската управа на Осиек.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот Иван Радиќ за новинарите изјави дека несреќата се случила утрово околу 6.40 часот кога автобус од Градскиот патнички превоз (ГПП) во Осиек запрел на семафор со десет патници кога во него удрил друг автобус  со 20 патници.

Во болница се примени 20 повредени лица, а засега ниту едно не е во животна опасност, а во тек е полициска истрага за утврдување на причините за несреќата, посочи градоначалникот.

Тој додаде дека автобусот, кој удрил во друг автобус, полицијата ќе го однесе на технички преглед, иако веќе поминал редовен технички преглед, а во февруари периодичен технички преглед, кој не констатирал недостатоци.

Градоначалникот Радиќ на сите повредени патници им посака брзо закрепнување. Од КБЦ Осиек потврдија дека примиле 20 повредени лица, медицинска помош е во тек, а според првичните информации ниту една од повредите не е опасна по живот.

Прикажи повеќе...

Регион

Млад човек тешко повреден во Белград: добил струен удар откако се качил на локомотива

Објавено пред

Државјанин на Швајцарија Р.В. (29) вчера околу 2 часот и 30 минути е тешко повреден откако се качил на локомотива на железничка станица во Белград.

dobivaj vesti na viber

Како што неофицијално дознава српски Телеграф, младиот човек добил струен удар, при што се здобил со тешки изгореници по целото тело.

Неговите тројца пријатели, кои биле сведоци на несреќата, наводно веднаш повикале брза помош.

Брзата помош го пренела младиот човек во тешка состојба во Ургентниот центар во Белград, а за случајот е известено и обвинителството.

Прикажи повеќе...

Регион

Српскиот народ се сеќава и не ги заборава своите жртви: Милорад Додик по повод годишнината од агресијата на НАТО врз Србија

Објавено пред

Се додека српскиот народ е обединет, никој нема да го потчини – ниту со бомби, ниту со уцени, порача денеска претседателот на Република Српска Милорад Додик по повод годишнината од агресијата на НАТО врз Србија и српскиот народ.

dobivaj vesti na viber

„На денешен ден се сеќаваме на страшните моменти кога НАТО, без одлука на Советот за безбедност, почна брутална агресија против Србија и српскиот народ. Не бомбардираа 78 дена. Убија деца, уништуваа болници, училишта, мостови, железници. Не избираа цели – го избраа народот“, рече Додик.

Тој потсети дека во тоа страшно бомбардирање на НАТО загинале Ристан, Милица, Бојана… и илјадници други невини луѓе, а биле убиени само затоа што биле Срби и затоа што се осмелиле да бидат слободни.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ДУИ: Тоа не беше обичен локал, туку неформалното собиралиште на целата политичка, криминална и бизнис елита на Кочани, сите сѐ гледале – но цела година никој ништо не видел

„Изминаа седум дена болка, молк и солидарност – денови кога целото општество се поклони пред споменот на 59 млади животи...

Македонија1 час

ФЗОМ предупредува за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница fzom.net

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги известува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница...

Топ2 часа

Скопјанец украл 10 илјади евра од менувачница, го искористил моментот кога вработениот кратко излегол

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело...

Европа3 часа

(Видео) Немири во Турција: четврта ноќ на протести поради апсењето на Имамоглу, полицијата испука гумени куршуми

Демонстрантите кои се противат на апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, протестираа четврта ноќ по ред во тој град,...

Европа4 часа

(Видео) Украинците објавија снимка: „Уништивме четири руски хеликоптери“

Украинските сили за специјални операции известија дека, во координација со одбранбеното разузнавање, ракетните сили и артилериските единици, уништиле два хеликоптери...

Европа4 часа

Медицински техничар уби девет пациенти во Германија, започнува судењето

Денес почнува судењето на медицинскиот техничар кој предозирал до смрт девет пациенти во одделението за палијативна нега во Германија. Властите...

Европа4 часа

(Видео) Зеленски: Средбата со САД беше конструктивна, напредуваме по клучните прашања

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров рече дека разговорите со американската делегација во Саудиска Арабија биле „продуктивни“ и се фокусирани...

Македонија15 часа

Подготвен е протокол по кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои се лекуваат во странство

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои што се лекуваат надвор од државата,...

Македонија17 часа

Таравари: Во македонските болници сите пациенти се во стабилна и добра состојба

По завршување на редовниот состанок на кризниот штаб, министерот за здравство Арбен Таравари информираше за состојбата со пациентите, кои беа...

Македонија18 часа

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави Митева

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави портпаролката на Владата Марија Митева. -Во овој момент...

Македонија20 часа

Се „чешла“ документацијата и се проверуваат сите објекти од јавен карактер низ државата

Сите општини координирани преку ЗЕЛС започнаа со вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата. Во голем...

Македонија22 часа

„Дурмо турс“ во чиј автобус загинаа 14 патници пак работи „на диво“, полицијата казнуваше превозници

Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен...

Македонија22 часа

За пет часа поради низа неправилности, затворени се 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Во полициска контрола извршена вчера во периодот од 10 до 15 часот на подрачјето на Тетово и Гостивар, во 16...

Македонија24 часа

Ќерката на починатиот Андреј од ДНК со тажна порака до мајка ѝ: „Мамо, јас ти требам тебе, а ти мене“

„Мамо, сакам да бидам дома, зашто јас ти требам тебе, а и ти ми требаш мене… Јана за 7 дена порасна...

Регион1 ден

Двајца од тешко повредените во Кочани кои се во Белград дишат со машина, на дел од хоспитализираните ќе им се пресадува кожа

Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочанисе лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од...

Македонија1 ден

На државава ѝ фалат инспектори, во ДПИ има само 40 за сите градови

Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по...

Македонија1 ден

Бројот на критични пациенти од пожарот во Кочани се намалува, но им претстои долга борба на опоравување

Неколку дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се намалува бројот на критичните пациенти кои се лекуваат во...

Македонија2 дена

Се откриваат скандали во градежништвото, од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над три...

Македонија2 дена

За трагедијата во „Пулс“ тројца поранешни градоначалници на Кочани и уште 21 лице завршија во 30-дневен притвор

Определена е мерка 30 дневен притвор за сите 24 лица за кои основното Јавно обвинителството во рамки на истрагата бараше...

Македонија2 дена

Клековски: Состојбата на пациентите се подобрува, но уште постои ризик од инфекции

Состојбата се подобрува, се намалува бројот на критични пациенти, но далеку сме од моментот на опуштање. Борбата не е завршена,...