Регион
Геј парадата во Подгорица мина без инциденти
Пaрадата на гордоста на ЛГБТ лицата којашто во неделата во црногорската престолнина Подгорица ја организираше Форумот на прогресот и асоцијацијата Queer Montenegro, мина мирно и без инциденти си силно изразено присуство на полицијата, пренесуваат тамошните медиуми.
Мала група од стотина учесници на поворката прошетаа по главно празните улици на Подгорица со знамињата во боите на виножитото, со големиот транспарент со пораката Традиционално горди и маскота на жена со мустаќи и шал во боите на виножитото. На другите транспаренти пишуваше „Не преку нашиот грб“, „Само што започнавме“, „Сано нив не ги колни мајко“, „Тишината е смрт“.Првиот човек на Queer Montenegrо, Даниел Калезиќ, изјави дека одржувањето на поворката е остварување на основните човекови права и дека парадата за нив претставува слобода. Парадата на гордост, втора по ред во Подгорица, ја обезбедувале повеќе од 1.800 полицајци, а од безбедносни причини, како што пренесуваат медиумите повикувајќи се на соопштението на црногорското министерство за внатрешни работи, пред парадата биле приведени десетина лица, кои немале документи и кој кои иле пронајдени опасни предмети како „боксери“ и „фантомки“.Првата парада на гордоста во Подгорица беше одржана на 20-ти октомври 2013 година и беше проследена со многу инциденти и приведени лица, а обидот за собирање на ЛГБТ лицата во Будва минатото лето, полицијата го прекина и ги евакуираше учесниците со бродови, откако беа нападнати од противници на ваквите манифестации.Во годинешната поворка освен припаднции на црногорската ЛГБТ заедница, на кои со присуство им дадоа и истомисленици од Македонија, Србија и Хрватска, беа и министерот за човекови и малцински права, Суад Нумановиќ, градоначалникот на Подгорица, Славољуб Стијеповиќ, народниот првобранител Шуќко Баковиќ, шефот на делегацијата на ЕУ во земјата Митја Дробниќ, претставници на сите политички партии и повеќе странски амбасадори во Црна Гора.Челникот на Српската православна црква во Црна Гора, митрополитот Амфилохие, во петокот изјави дека со поддршката за хомосексуалците, на Црна Гора ѝ се заканува да стане „содомистичка држава“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.