Регион
Германија му даде „жолт картон“ на Ципрас
Остри реакции пристигнуваат од Германија на изјавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека Шпанија и Португалија ги нарушуваат преговорите на Грција со Брисел.
Претставникот на министерот за финансии Волфганг Шојбле, Мартин Јегер, рече дека Ципрас ги прекршија основните правила во односите помеѓу 19-те членки на еврозоната.
„Во врска со коментарите од изминатиот викенд во Атина, поврзани за Шпанија и Португалија, можам да кажам дека според европските стандарди тие претставуваат многу невообичаен фаул, кажано со фудбалки жаргон. Тоа не се прави во еврогрупата. Така не се прават работите“, рече Јегер.
Европската унија соопшти дека се обидува да посредува во според што тлее помеѓу Грција и нејзините партнери во еврозоната-Шпанија и Португалија, откако грчкиот премиер Алексис Ципрас ги обвини двете држави дека ги реметат преговорите на Грција со Брисел за продолжувањето на финансиската помош.
Ципрас во саботата ги обвини Шпанија и Португалија дека ја предводат конзервативната завера во уривањето на неговата левичарска влада, во страв од сопствените радикални сили пред изворите во оваа година.
Ципрас, исто така, ги отфрли критиките дека Атина направила отстапување за да обезбеди финансиска помош од еврозоната.
Во говорот во својата партија Сириза, Ципрас ги обвини Мадрид и Лисабон за завземање на тврда линија во преговорите, кои доведоа до тоа еврозоната минатата недела го продолжи пакетот помош за Атина на наредните четири месеци.
„Наидовме на осовина од сили како противници, предводени од владите на Шпанија и Португалија, кои од очигледни политички причини, се обидуваа целокупните преговори да ги доведат до раб“, рече Ципрас, кој на 25 јануари победи на изборите.
„Нивниот план беше да не исцрпат, соборат или да ја доведат нашата влада до безусловно предавање пред да започне нашата работа и пред грчкиот пример да изврши влијание на другите држави, воглавно пред изборите во Шпранија“, рече Ципрас.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој го повика Ципрас да стане сериозен во поглед на економијата на својата држава, која е во должничка криза.
„Ние не сме одговорни за незадоволството на радикалната грчка левица која им вети на Грците она што знаеше дека не може да го исполни“, рече Рахој.
Тој потсети дека Шпранија и помогна на Грција со над 26 милијарди евра иако и самата е во финансиска криза. /крај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.