Регион
Грција ги брише ’вечните студенти’
Новиот грчки министер за образование, Андреас Ловердос, одлучи да стави крај на проблемот со таканаречените „вечни студенти“, а станува збор за неколку десетици илјади луѓе коишто студираат само на хартија
Така, министерот за образование Андреас Ловердос нареди сите оние коишто се запишани на факултет повеќе од 11 години, аза тој период не се стекнале со никаква диплома, ќе бидат избришани од регистарот на студентите овој септември. Според весникот Ekatimerini, нагласил дека никакви продолжувања на овој рок од ситни дневно политички причини не доаѓаат предвид.
Според процените на Ловердос, мерката би можела да опфати дури до 180 илјади Грци, од кои некои „студираат“ уште од 1950-те години. Според податоците на ОБСЕ, во Грција помалку од 20 отсто од запишаните лица завршуваат факултет.
Ловердос, исто така, вели дека ваквата мерка не би требало да изненадува некого, бидејќи уште во 2007 година е усвоен законот со кој е поставен рок од десет години за завршување на првото студирање, но тоа ретко се спроведувало.
Иако, признава дека ткн вечни студенти не ја чинат многу државата, министерот за образование смета дека прочистувањето на регистарот ќе помогне навистина да се проценат потребите на грчките факултети. Високото образование во Грција е силно погодено од економската криза која поттикна егзодус на студентите и високо образованите лица во странство. Покрај тоа, грчките универзитети се многу политизирани и често се центри на протестите против владините мерки за штедење./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Државниот хрватски инспекторат повлече KitKat чоколада од продажба
Државниот хрватски инспекторат го повлече од пазарот производот Nestle KIT KAT Mini Waffle поради присуство на минерални масла, извести Хрватската агенција за земјоделство и храна, пренесе Индекс.хр.
Како што објаснуваат во соопштението, станува збор само за Nestle KIT KAT Mini 200 грама во кесичка (производ од вафли прелиен со млечно чоколадо), серија 40580734, со рок на употреба 01.2025 година.
Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а производот е пласиран на пазарот од Nestle Adriatic d.o.o., Загреб, Хрватска.
Регион
Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите
И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето
Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље, кај Бор, продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да потврди со кого биле во контакт во периодот кога девојчето исчезнало.
Продолжувањето на потрагата ќе се изврши оперативно, откако е утврдено дека девојчето не е на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.
Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.
Исчезнувањето на двегодишното девојче за првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.,
Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто зелена боја.
Регион
„Се плашам дека е киднапирана“, рече дедото на исчезнатото девојче Данка
Дедото на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), кое пред повеќе од 27 часа беше изгубено во приградската населба Бањско поле во околината на Бор, за телевизија Блиц изјави дека „низ главата му поминува можноста детето да е киднапирано“.
„Се уште се надевам дека е жива, но неверојатно е никој да не може да ја најде меѓу толку луѓе. Само една опција ми паѓа на ум, дека е киднапирана. Но, не можам да тврдам. Жандармерија, дронови, хеликоптери, цела Србија беше тука и сите ја бараа. Луѓето беа на еден метар еден од друг и никој не може да ја најде“, изјави Милан Илиќ.
Тој рече и дека го плаши фактот што бугарската граница е блиску.
„До бугарската граница преку новиот пат се стигнува за 45 минути, најмногу еден час. Не е точно дека се потребни пет часа, како што кажа некој утринава на телевизија. Кладово е веќе многу подалеку, оддалечено е 150 километри, но Бугарија е многу блиску“, рече тој.