Регион
Грција: Над 60 отсто за „не“ на референдумот, Атина уште вечерва ќе бара помош од ЕЦБ
Грците со убедливо мнозинство на референдумот во неделата се изјасниле за одбивање на програмата на меѓународните доверители за продолжување на пакетот за финансиска помош на нивната земја, покажаа официјалните проекции на конечните резултати, а Атина најави дека грчката централна банка уште во неделата навечер ќе испрати до едниот од кредиторите Европската централна банка (ЕЦБ), барање на грчките банки да им биде подигнато нивото за итна помош за ликвидност (ELA), соопштија од владата.
Според агенцијата Singular Logic, којашто ги обработува резултатите за министерството за внатрешни работи, се проценува дека гласањето „не“ со што се отфрла програмата на доверителите ќе мине 61 отсто.
Ваквиот исход ќе значи зацврстување на позициите на премиерот Алексис Ципрас, кој повика во да се гласа против програмата за помош на преговорите, но кога се однесува за домашната политичка сцена. Тоа не му гарантира и, како што сакаше пред гласањето да истакне, и поцврста позиција во преговорите со доверителите, бидејќи сега на маса најверојатно ќе се најде сосема поинаков предлог и секако услови.
Проевропските партии и челници од еврозоната предупредија дека гласањето против понудата, која Ципрас ја нарече ултиматум, че претставува пречка во преговорите и ќе ја насочи Грција кон излезот од еврозоната.
Меѓутоа,владиниот портпарол Габриел Саккелеларидис за телевизијата ANT1 во неделаа навечер најави дека грчката централна банка уште во неделата навечер ќе испрати до едниот од кредиторите Европската централна банка (ЕЦБ), барање на грчките банки да им биде подигнато нивото за итна помош за ликвидност.
„Грчката народна банка уште денеска ќе го упати тоа барање и веруваме дека имаме добри основи да ја подигнеме ELA . Нема причина ликвидноста да не се зголеми“, рече Сакеларидис според кои „иницијативите за постигнување договор“ меѓу Атина и кредиторите „ќе бидат интензивирани уште вечерва“.
Додека трае на сила ограничувањето,м Грците нема да можат да ја подигнуваат готовината која ја имаат во сефовите во грчките банки, а исто така останува и контролата на движењето на капиталот како и прописот за најмногу 60 евра кои може да се подигнат од банкомат дневно на една картичка, истакна за телевизијата TV Alfa, заменичката министер за финансии Надиа Валавани.
Владата ја донесе ваквата забрана за грчките банки да не останат без пари, бидејќи претходно кога во деновите кога истекуваше рокот за исплаќање на долгото од 1,6 милијарди евра кон Меѓународниот монетарен фонд, што Атина не го испочитува на 30-ти јуни, грчките штедачи си ги повлекоа депозити од повеќе милијарди евра./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.