Регион
Грција од кредиторите очекува 53,5 милијарди евра
Новиот пакет на мерки кои грчката влада ги предала до еврогрупата излегува во пресрет на барањата на меѓународите кредитори за тоа Атина да ги зголеми даноците и да го намали државниот трошок на пензии, а за возврат Грција очекува 53,5 милијарди евра.
Грција од кредиторите очекува 53,5 милијарди евра со кои до крајот на јуни 2018-та година би ги покрила обврските за отплата на долговите, пренесува Reuters.
Тие мерки, кои вклучуваат зголемување на даноците за бродските компании и укинување на даночните олеснувања за островите, треба да ги исполнат условите за нов договор со кредиторите, кој Грција би ја спасил од банкрот и излегување од еврозоната.
Грчката влада исто така планира да го зголеми данокот на додадена вредност за рестораните и хотелите, потоа да започне со реформите на пензискиот систем, како и да одреди цврст рок за отпочнување на приватизацијата.
АР констатира дека грчката влада се согласила на барањата кои претходно одбиваше да ги прифати, воглавно преместувајќи разни категории на стока и услуги во повисока даночна стапка.
Reuters прецизира дека меѓу понудените мерки мометално се и зголемување на данот на луксуз и воведување на данок на телевизиските реклами, како и преминување во нов систем на колективно преговарање до крајот на годината.
Грчката влада исто така се обврзува до крајот на октомври да објави датум за тоа кога ќе се распишат тендери за приватизација на железницата и пристаништетото во Пиреја и Солун. Исто така предвидени се и чекори во приватизацијата на регионалните аеродроми и продажба на државните акции во грчкиот Телеком.
Покрај ова, Атинa нуди смалување на трошоците во одбраната, а новите пензиски реформи се предвидени веќе за октомври.
Грчкиот предлог пристигнал во Брисел до шефот на еврогрупата, Јероен Дајселбум скоро два часа до истекнувањето на предвидениот рок. Доколку европските партнери се задоволни, пакетот на мерки на грчкиот премиер Алексис Ципрас би можел да биде прифатен на вонредниот самит на лидерите на Европксата унија во недела. Доколку пак овој предлог не биде прифатен, тогаш на Грција и се заканува излегување од еврозоната./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.