Регион
Грција сака договор, на уцени не се согласува
Откако Европската централна банка (ЕСВ) неочекувано ноќта кон четвртокот донесе одлука дека повеќе нема да ги прифаќа грчките државни обврзници како осигурување за заемите и врз грчката централна банка го префрли товарот на финансирање на грчките банки, Атина во четвртокот соопшти дека не се согласува на „уцена“ на партнерите од Европската унија, туку дека сака договор околу долгот и мерките за штедење.
Неочекуваната одлука на Европската централна банка (ЕСВ) којашто значи дека централната банка на Грција ќе мора да обезбеди десетици милијарди евра итни заеми во следните седмици, е предизвикана од тоа што перцепцијата на челниците на Банката, како и на повеќето централни банки во 18-члената монетарна унија, е дека новата грчка влада којашто ја предводи радикалната левица Сириза, ќе остане на предизборните ветувања и ќе се откаже од спроведувањето на меѓународната финансиска помош којашто е условена со спроведување структурни реформи и непопуларните мерки за штедење.
„Грција никого не уценува, но ниту се согласува на уцени“, изјавил владин службеник и додал дека владата има намера да ја почитува волјата на народот кој ја избра на 25-ти јануари на предвремените парламентарни избори. „Не се согласуваме на уцени, бидејќи само што го добивме мандатот од народот. Не сакаме конфликт, но ниту понижување“, изјави грчкиот министер за реформи на управата Јоргос Катрахулос.
Владиниот портпарол Габрил Сакеларидис ја претстави споменатата одлука на ЕСВ како порака за целата Европска унија дека е неопходно што поскоро да се најде решение за спас на Грција. „Одлуката на ЕСВ е чин на политички притисок што поскоро да се изнајде решение, а на да се развлекуваат преговорите и консултациите со Грција. Ние сме подготвени на барање одговор кој нема да го крши мандатот кој штотуку го добивме“, изјави Сакеларидис за грчката телевизија Mega.
Одлуката на ЕСВ беше објавена неколку часа откако новиот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис по состанокот со претседателот на Банката., Марио Драги тврдеше дека ЕСВ „ќе стори сé што е потребно“ за да им помогне на државите членки како што е Грција. Меѓутоа, се случи токму обратното. Одлуката на ЕСВ за којашто беше потребна поддршка од мнозинството гувернери од централните банки на земјите членки од еврозоната, покажува дек грчките планови не наидоа на добар пример. Напротив на запрепастување кај многу челници во монетарната унија.
Одлуката стапува на 11-ти февруари, а значи дека грчките државни обврзници во износ од десетици милијарди евра, како и обврзниците на грчките банки за кои гарант е Грција, повеќе нема да бидат прифаќани како колатерал во замена за заемите што им ги дава ЕСВ на тие банки. Наместо тоа, грчката централна банка ќе мора на грчките банки ќе мора да им обезбеди итни кредити и самата за тоа ќе понесе ризикот. Доколку централната банка на Грција поради тоа има тешкотии, владата во Атина ќе мора да помогне, што ќе биде многу тешка работа.
Неочекуваната одлука, исто така, беше донесена откако грчката влада ја повика ЕСВ да ги одржи во живот нејзините банки, кои од Атина добија помош во износ од две милијарди евра поради големиот обем на повлекувањето на депозитите на грчките граѓани поради најавените неизвесности меѓу Атина и Брисел во случај на победа на Сириза, додека не го договори посакуваното ублажување на долговите со партнерите од еврозоната. ЕСВ тоа барање со споменатата одлука дефинитивно го одби, дополнително отежнувајќи ја ситуацијата во којашто се наоѓа Грција. Имено, грчките банки со оваа одлука се доведени во тешка ситуација.
Без поддршката од доверителите и од ЕСВ, Грција многу брзо може да се најде во тешка финансиска криза. Имајќи предвид дека нема пристап на пазарите поради високите трошоци на задолжувањето, грчка влада има во моментов пари кои се доволни само за неколку месеци а летово мора да врати долг од 10 милијарди евра./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ во моментот на исчезнувањето на Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско Поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“, кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед што живее недалеку од местото на кое исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13.45 часот.
Регион
Багер пристигна пред куќата на исчезнатата Данка: полицијата го блокира пристапот
Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско Поле, а пред неа пристигнал багер, објави српски „Телеграф“.
Според медиумот, сè уште нема официјални информации зошто е донесен багер, а нивниот репортер јавува дека полицијата отвора шахти околу куќата на семејството Илиќ.
Како што пренесуваат, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.
Двегодишната Данка исчезна во моментот кога мајка ѝ му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинеста јакна, а косата ѝ била врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, првпат во Србија беше ставен во употреба системот „Најди ме“.
По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи, како и многубројни мештани. По 27 часа, српската полиција го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поле.