Регион
Грција се жали на недоволната инфраструктура за бегалци
Грција објави во понеделникот дека нејзината инфраструктура не е доволна да одговори на брановите бегалци кои пристигнуваат во земјата во една од најголемите хуманитарни кризи со коишто се соочува Европа по Втората светска војна.
Додека со години наназад се бори со катастрофалната економска криза, Грција е вовлечена во нова криза по масовното пристигнување на бегалците, во прв ред Сиријци, кои бегаат пред тамошната граѓанска војна.
Некои меѓународни хуманитарни агенции не се задоволни со реакцијата на Атина на напливот на имигрантите од Африка и бегалците од Блискиот исток. Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) минатата седмица соопшти дека Грција треба да покае повеќе водство и да ја преземе контролата над ситуацијата.
Бројот на имигрантите во Грција годинава надминал 160 илјади, што е трипати повеќе отколку минатата година, соопштија во понеделникот грчките власти предупредувајќи дека повеќе не можат да се справуваат со таквата ситуација.
„Ова е земја примател и како таква е задолжена да има инфраструктура. Меѓутоа, нé обвинуваат за работи коишто немавме време да ги сториме, она што сите претходни влади не го сториле претходните години“, изјави за телевизијата Alpha TV Олга Геровасили, портпаролката на досега владејачката левичарска коалиција Сириза.
„Тоа не е само грчака трагедија, тоа е европска криза. Се случува пред очите на кусогледите европски челници чијшто поголем приоритет е да ги заштитат границите отколку помошта за преживеаните во судирите“, критикува Гаури ван Гулик, заменик на директорот на Amnesty International за Европа и централна Азија./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.