Регион
Грција во хаос поради мигрантите
Илјадници мигранти пристигнуваат, никој не си заминува. Ова е хаотичната слика во Атина, но и во цела Грција откако македонската граница е затворена за сите бегалци освен за оние со сириски или ирачки пасош.
Белградска „Политика“ пишува дека во пристаништето во Пиреа има над 7.000 мигранти, претежно жени и деца, кои веќе втор дена на улица, без елементарни хигиенски услови чекаат било каква информација.
Грчката полиција се обидува да ја регулира состојбата во пристаништето, но очигледно е дека не постои никаков план што да се прави со толкав број на мигранти кои сакаат да продолжат кон западна Европа.
Дел од нив се сместени во прифатните центри, но повеќето остануваат на улица во надеж дека со автобуси ќе бидат префрлени кон границата.
Најголем дел од нив се Авганистанци кои македонските власти не ги пуштаат преку граница, што значи дека ќе бидат приморани да останат во Атина на неодредено време. Истовремено, автобусите кои се движат кон граничниот премин се блокирани поради блокадата на патиштата од страна на грчките земјоделци.
Драматично е во близина на грчко-македонската граница каде се наоѓаат околу 4.500 бегалци од Авганистан, кои не сакаат да се вратат назад. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Завршено вештачењето на мобилниот телефон на мајката на Данка, биле бришени пораки и повици, објавија српските медиуми
Мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ бил испратен на вештачење откако девојчето исчезнало. Неофицијалните податоци говорат дека мајката избришала многу пораки и повици ден пред и на денот на исчезнувањето на Данка, објави српски Блиц.
Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало дека се избришани многу пораки и податоци за повици, пишува српски Информер.
– На ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на Данка Илиќ, многу пораки и повици се избришани од телефонот. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци – рекол изворот.
Како што се дознава, пред исчезнувањето на Данка Илиќ, мајката три пати го фотографирала детето од различни агли.
Да потсетиме, мајката на Данка Илиќ, Ивана, денеска повторно е во полициската станица во Бор, каде е на распит за околностите на нејзината исчезната ќерка. Таткото помина на полиграфското тестирање.
Регион
„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка
Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два часа. Познато е дека кога ќе исчезне дете, веднаш се пријавува за да се реагира бргу, изјави Марко Ницовиќ, поранешен началник на белградската полиција, за „Телеграф.рс“.
Според Ницовиќ, полицијата оди во добра насока бидејќи ја проверува секоја педа од земјата, но се надеваат и дека темелно се проверуваат граничните премини бидејќи не ја исклучуваат можноста за киднапирање.
„Би можело да биде сè, не е исклучена никаква можност. Ако мајката рече дека го оставила девојчето на минута, го поставуваме прашањето каде би можело да оди двегодишното дете? Колку далеку, без мајка му да го најде? Второ, зошто чекаа два часа? Има простор и за киднапирање, а знаеме дека границата е блиску, но и за многу повеќе. Отворени се многу прашања и останува да се почека истражните органи да си ја завршат работата“, вели Ницовиќ за српски „Телеграф“.
Да потсетиме, потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во четвртиот ден. Во потрагата од утрово се вклучени уште 18 пожарникари и кучето Зиги.
Багери вчера цел ден копаа и вадеа ѓубре и шут од куќата, а пред куќата каде што последен пат беше видена исчезнатата Данка по која трага цела Србија, пристигна тешка механизација, која ќе продолжи да работи денес за да се расчисти теренот.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.