Регион
Грчката опозиција ја обвинува владата дека шири страв
Челникот на опозициската радикална левица Алексис Ципрас го обвини во саботата премиерот Антонис Самарас дека поттикнува страв во земјата за да осигури поддршка за својот кандидат за претседател на земјата кој мора да победи во предвидените три круга од неговиот избор во парламентот, доколку владата сака да ги избегне предвремените избори.
Челникот на опозициската радикална левица Алексис Ципрас го обвини во саботата премиерот Антонис Самарас дека поттикнува страв во земјата за да осигури поддршка за својот кандидат за претседател на земјата кој мора да победи во предвидените три круга од неговиот избор во парламентот, доколку владата сака да ги избегне предвремените избори.
Во понеделникот грчката влада го промени терминот за гласањето во парламентот за претседател на државата, наместо во март следната година за 17-ти декември, за да ѝ стави крај на политичката неизвесност во земјата, но со тоа ризикува и предвремени избори доколку неговиот кандидат Адвокатот Димас е член на Нова демократија на Самарас, каде што е и партиски потпретседател од 2010 година, а во периодот од 2004 до 2009 година ја извршуваше должноста еврокомесар за екологија во ЕУ и беше на неколку министерски позиции, не успее да ги добие потребните гласови.
Најголемата грчка опозициска партија Сириза на Алексис Ципрас, којашто сака да го раскине договорот за помош со тројката меѓународни доверители, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, поточна да ја запре политиката на жестоко штедење, според моменталните резултати од истражувањата на јавното мнение во Грција, најверојатно би победила на евентуалните предвремени парламентарни избори. Премиерот Самарас во четвртокот предупреди дека на Грција ѝ се заканува „катастрофално“ враќање во амбисот на должничката криза, доколку падне неговата влада.
„Разулавеното ширење на стравот, за што одговорноста паѓа на самиот премиер, е последните вдишувања пред крајот. Одбројувањето на последните денови на владејачката коалиција и на нејзините катастрофални политики веќе започна“, изјави Ципрас во својот говор на Крит.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во невообичаен потег за европски функционер, остро во четвртокот ги предупреди Грците дека би можеле да западнат во големи проблеми доколку гласаат „погрешно“ и кога Сириза би победила на изборите.
Ципрас го отфрли тоа предупредување и истакна дека европските партнери ќе го променат мислењето кога власта ќе ја преземе неговата силна влада.„Силна влада со реален реформски план е предуслов да се преговара со Грција, а не таа да биде казнувана“, изјави челникот на Сириза повикувајќи ги Грците да му ја искажат својата доверба.
Повторувајќи ги своите ветувања од септември, Ципрас рече дека неговата влада ќе го пресврти трендот на намалување на платите и пензиите и ќе овозможи вработување на 300 илјади луѓе. „Тој план има точно одредена цена. Таа изнесува 12 милијарди евра“, рече додавајќи дека тоа ќе биде финансирано од европските фондови, резервите од грчкиот фонд за спасување на банките и приходите од борбата против затајувањата на даноците./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Регион
Девојка што исчезна во март во Србија е пронајдена
Тијана Симиќ, која била пријавена за исчезната на 13 март оваа година, и последен пат била видена на Карабурма во Белград, е пронајдена повеќе од еден месец од нејзиното исчезнување.
Засега не се познати детали, а среќните вести ги објави нејзината сестра на „Твитер“.
„Тијана ја пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта“, напиша таа.
Tijanu smo pronašli, hvala puno svima na pomoći ♥️
— fifo (@sofoklee) April 24, 2024
Семејството на Тијана молеше за помош или било каква информација за неа, и после повеќе од еден месец е пронајдена.
Регион
Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра
Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални мигранти преку границата со Хрватска. Акцијата под кодното име „Пирамида“ координирана од Обвинителството на БиХ беше спроведена на 16 различни локации низ земјата.
Како што беше утврдено во досегашната истрага, уапсените организирале илегално преминување на границата на најмалку 600 лица, од кои стотина се деца.
„Според прелиминарните податоци, оваа меѓународна организирана криминална група во изминатите шест месеци остварила финансиска корист од повеќе од шест милиони конвертибилни марки (три милиони евра)“, се вели во полициското соопштение.
Разбивањето на оваа мрежа на трговци со луѓе беше спроведено заедно со Управата за криминалистичка полиција на МВР на Република Хрватска и Европол и со учество на припадници на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА).
Граничната полиција на БиХ наведува дека продолжува да презема мерки за спречување на шверцот на луѓе, особено против организираните криминални групи. Потсетуваат дека во првите три месеци од годинава полициски службеници и граничари до обвинителството поднеле 83 пријави против 177 лица поради постоење основи на сомнение дека сториле 110 кривични дела криумчарење луѓе.