Регион
Грчката влада за претседателски кандидат го истакна Ставрос Димас
– (Претседателскиот кандидат на Нова демократија – Ставрос Димас)
Владата на Грција во вторникот го истакна за свој претседателски кандидат поранешниот комесар на Европската унија, Ставрос Димас.
Владата на Грција во вторникот го истакна за свој претседателски кандидат поранешниот комесар на Европската унија, Ставрос Димас.
Владата на премиерот Антонис Самарас во понеделникот доцна вечерта ненадејно соопшти дека бара претседателските избор да се одржат два месеца порано од предвидениот рок, на 17-ти декември, ризикувајќи на тој начин одржување на предвремени парламентарни избори, доколку не успее да обезбеди мнозинство во парламентот коешто ќе ја поддржи кандидатурата на 73-годишниот Ставрос Димас.
„Кога сегашниот состав на парламентот ќе го избере претседателот кон крајот месец, облаците ќе се разотидат и земјата ќе биде подготвена и официјално да влезе во периодот по должничката криза“, изјави премиерот Антонис Самарас во телевизиското обраќање до нацијата.
Адвокатот Димас е член на Нова демократија на Самарас, каде што е и партиски потпретседател од 2010 година. Во периодот од 2004 до 2009 година ја извршуваше должноста еврокомесар за екологија во ЕУ и беше на неколку министерски позиции. Во времето на грчката технократска влада, во периодот на кулминацијата на грчката должничка криза во 2011 и 2012 година, ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи.
„Најдобриот можен кандидат за местото шеф на државата е Ставрос Димас. Грчкото општество го цени, а меѓународната заедница го почитува“, истакна Самарас.
На владата којашто ја сочинуваат конзервативците од Нова демократија и социјалистите од Пасок, вицепремиер и шеф на дипломатијата Евангелос Венизелос, ќе и’ биде потребна поддршка од 180 пратеници, што е 25 отсто повеќе отколку мандатите со коишто во моментов располага, за да Димас биде избран за претседател на државата.
Откако ноќта кон понеделникот националниот буџет беше прифатен со 155 гласови „за“, грчките политички аналитичари сметаат дека ќе биде тешко остварлива амбицијата на власта и оти државата забрзано се движи кон предвремени парламентарни избори.
Во Грција парламентот го избира шефот на државата. Според грчкиот закон, парламентот мора да биде распуштен доколку парламентот не успее да го избере претседателот на држава во три круга од гласањето коишто ќе се одржат од 17-ти до 29-ти декември./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.