Регион
Грчките функционери ја намалуваат можноста од предвремени избори
Функционери од грчката влада ги намалија во саботата можностите да се одржат предвремени парламентарни избори со коишто би се решил спорот со меѓународните кредитори, ден откако премиерот Алексис Ципрас го отфрли најновиот предлог. на доверителите по принципот „пари за реформи“.
Владејачката коалиција на радикалната левица Сириза, предупредија претходно седмицава дека на Грција ѝ се закануваат предвремени избори доколку меѓународните доверители не ги ублажат барањата за исплатата на последната транша, која е стопирана повеќе од една година,од сегашната програма за странска финансиска помош во висина од 7,2 милијарди евра кои ќе ѝ овозможат на земјата да ги испати ратите од кредитот кон ММФ и да ги избегне банкротот.
Премиерот Алексис Ципрас не споменуваше во остриот говор пред парламентот во петокот кога предлогот на доверителите го оцени како „апсурден“ и истакна дека не може да го прифати, како и оти се надева дека тој ќе биде повлечен.
Двајца министри во саботата рекоа дена не гледаат причина за одржување на предвремени парламентарни избори, а и анкетите покажуваат дека Грците не се наклонети по само шест месеци да излезат на избирачките места, откако Сириза ја освои власта со ветувањето дека ќе ги укине жестоките и непопуларни мерки за штедење.
„Нема причина за избори. Убеден сум дека договорот ќе биде постигнат, реле министерот за здравство Папајотис Курублис во телевизиско интервју. Министерот за енергетика, Панајотис Лафазанис, париски радикал близок на премиерот Ципрас, исто така, ја отфрли таквата можност во разговорот за неделникот Агора, велејќи дека владата веќе има мандат за целосно спроведување на својата програма.
Сите претставници на владата којашто ја сочинуваат радикалните леви сили и малата националистичка партија Независни Грци, во петокот изјавија дека Атина не може да ги прифати последните предлози за реформите кои меѓународните доверители ги поставуваат како услов за исплатата на последната транша од заемот од 240 милијарди евра.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ѝ одобри на Грција во четвртокот сите четири рати од кредитот кои доспеваат за наплата до крајот на јуни, а првата требаше да биде платена во петокот, во една која ќе биде исплатена на 30-ти јуни, во вкупна сума од 1,6 милијарди евра.
Условите кои и бараат меѓународните доверител ММФ и ЕУ од Грција е намалување на сумата пензиите за 1-процент од бруто домашен производ (БДП) и зголемување на двете стапки од данокот за додадена вредност (ДДВ) за да се зголеми приходот за 1,8 милијарди евра, укинување на помошта за лицата со најниски пензии до крајот на 2015 година со што и се заштедиле околу 800 милиони евра, потоа намалување н субвенциите за гориво, зголемување на придонесот на граѓаните за здравственото осигурување и приватизацијата на големите компании во државна сопственост.
Меѓутоа Сириза којашто победи на предвремените парламентарни избори 25-ти јануари ветуваше дека пензионерите повеќе нема да ги намалува, дека ќе ги врати колективните преговарачки права и минималната плата на нивото од пред почетокот на кризата пред речиси осум години.
Грција должи во моментов околу 320 милијарди евра, од кои околу 65 отсто на ММФ и земјите од еврозоната, а 8,7 отсто на Европската централна банка./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Државниот хрватски инспекторат повлече KitKat чоколада од продажба
Државниот хрватски инспекторат го повлече од пазарот производот Nestle KIT KAT Mini Waffle поради присуство на минерални масла, извести Хрватската агенција за земјоделство и храна, пренесе Индекс.хр.
Како што објаснуваат во соопштението, станува збор само за Nestle KIT KAT Mini 200 грама во кесичка (производ од вафли прелиен со млечно чоколадо), серија 40580734, со рок на употреба 01.2025 година.
Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а производот е пласиран на пазарот од Nestle Adriatic d.o.o., Загреб, Хрватска.
Регион
Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите
И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето.
Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље кај Бор продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите за да потврди со кого биле во контакт во периодот кога девојчето исчезнало.
Продолжувањето на потрагата ќе се изврши оперативно откога е утврдено дека девојчето не е на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.
Полицијата ќе ги испрашува и луѓето што биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето со цел да се утврдат детали, кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата, која е во тек.
Исчезнувањето на двегодишното девојче првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија, кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување малолетно лице.
Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто-зелена боја.
Регион
„Се плашам дека е киднапирана“, рече дедото на исчезнатото девојче Данка
Дедото на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), кое пред повеќе од 27 часа беше изгубено во приградската населба Бањско поле во околината на Бор, за телевизија Блиц изјави дека „низ главата му поминува можноста детето да е киднапирано“.
„Се уште се надевам дека е жива, но неверојатно е никој да не може да ја најде меѓу толку луѓе. Само една опција ми паѓа на ум, дека е киднапирана. Но, не можам да тврдам. Жандармерија, дронови, хеликоптери, цела Србија беше тука и сите ја бараа. Луѓето беа на еден метар еден од друг и никој не може да ја најде“, изјави Милан Илиќ.
Тој рече и дека го плаши фактот што бугарската граница е блиску.
„До бугарската граница преку новиот пат се стигнува за 45 минути, најмногу еден час. Не е точно дека се потребни пет часа, како што кажа некој утринава на телевизија. Кладово е веќе многу подалеку, оддалечено е 150 километри, но Бугарија е многу блиску“, рече тој.