Регион
Грчките неонацисти добија долги затворски казни за напади врз имигранти
Судот во грчката престолнина Атина осуди на долгогодишни затворски казни во понеделникот двајца членови на неонацистичката партија Златна зора поради напади врз имигранти, пренесува атинската новинска агенција ANA.
Еден од неонацистите е осуден на 13 години и шест месеци, а вториот на 11 години и шест месеци, без право на жалба. По пресудата тие веднаш се однесени во затвор.Партијата Златана зора, според обележјата и партиската програма и нападите врз сите не-Грци дејствува како класична неонацистичка фракција, но нејзините членови тврдат дека не се националисти. Меѓутоа, судските одлуки од понеделникот се однесува на случајот од јуни 2008 година, кога дваесетина припадници на Златна зора нападнаа објект во кој живееле доселеници, во атинскиот кварт Петралон, при што двајца имигранти беа тешко ранети.Обвинителството бараше од судот обвинетите да бидат прогласени за виновни за обид за убиство, нелегално поседување и користење огнено оружје. Обвинетите ја негирале својата вина, но поротата од тројца судии одлучила едногласно прогласувајќи ги виновно. Агенцијата забележува дека досега членовите и приврзаниците на Златна зора против кои се водат повеќе процеси не добивале толку остри казни. Во моментов против партијата од крајната десница се води кривично дело за нејзино прогласување за злосторничка организација. Истрагата започна откако неонацистите летото 2013 година убија познат музичар и антифашистички активист во Атина, кое силно ја разбранува грчката јавност. Потоа беа уапсени повеќе политичари, вклучително и пратеници и членови на највисокото раководство на партијата, и беше откриено дека таа имала разгранета мрежа и во полицијата./крај/мф/сн
Извор: ANA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.