Регион
Хан ја повика западнобалканската шесторка да ги зголеми напорите за сообраќајна поврзаност
Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан во вторникот ги повика министрите за транспорт на земјите од западнобалканската шесторка да ги зголемат напорите во спроведувањето на реформи, со што би се забрзал процесот на сообраќајното поврзување во регионот и искористи ветените средства од ЕУ, пренесуваат српските медиуми.
Министрите за транспорт на Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Косово во вторникот од Хан добиле нацрт договор за сообраќајна заедница, при што еврокомесарот потенцирал дека тоа е „значајно достигнување“ и дека овој договор ќе биде потпишан на самитот за Западен Балкан, во рамките на Берлинскиот процес, следната година во Италија.
„Овој договор претставува најдобар можен исход“, рекол Хан и ги повикал членките на ја искористат шансите и брзо да делуваат за да помогнат „Сообраќајната заедница“ да заживее. „Денешниот состанок на министрите за сообраќај на западнобалканската шесторка во Брисел е прв таков состанок од западнобалканскиот Самит во Париз во јули“, рекол Хан и укажал дека Берлинскиот процес помогнал да се оформи јасна стратешка рамка и регионален контекст за одлуките на Европската комисија за финансирање на инвестициите.
Хан исто така ги повикал членките на западнобалканската шесторка да ги зголемат напорите во спроведување на реформите и укажал на конкретните мерки кои поединечно треба да се применат./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Регион
Девојка што исчезна во март во Србија е пронајдена
Тијана Симиќ, која била пријавена за исчезната на 13 март оваа година, и последен пат била видена на Карабурма во Белград, е пронајдена повеќе од еден месец од нејзиното исчезнување.
Засега не се познати детали, а среќните вести ги објави нејзината сестра на „Твитер“.
„Тијана ја пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта“, напиша таа.
Tijanu smo pronašli, hvala puno svima na pomoći ♥️
— fifo (@sofoklee) April 24, 2024
Семејството на Тијана молеше за помош или било каква информација за неа, и после повеќе од еден месец е пронајдена.
Регион
Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра
Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални мигранти преку границата со Хрватска. Акцијата под кодното име „Пирамида“ координирана од Обвинителството на БиХ беше спроведена на 16 различни локации низ земјата.
Како што беше утврдено во досегашната истрага, уапсените организирале илегално преминување на границата на најмалку 600 лица, од кои стотина се деца.
„Според прелиминарните податоци, оваа меѓународна организирана криминална група во изминатите шест месеци остварила финансиска корист од повеќе од шест милиони конвертибилни марки (три милиони евра)“, се вели во полициското соопштение.
Разбивањето на оваа мрежа на трговци со луѓе беше спроведено заедно со Управата за криминалистичка полиција на МВР на Република Хрватска и Европол и со учество на припадници на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА).
Граничната полиција на БиХ наведува дека продолжува да презема мерки за спречување на шверцот на луѓе, особено против организираните криминални групи. Потсетуваат дека во првите три месеци од годинава полициски службеници и граничари до обвинителството поднеле 83 пријави против 177 лица поради постоење основи на сомнение дека сториле 110 кривични дела криумчарење луѓе.